Изложба „Лирско Интермецо“ од Љупка Галазка-Василев во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп

 „Лирско Интермецо“ изложба од уметничката Љупка Галазка-Василев во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп...

Изложбата „Лирско Интермецо“ од уметничката Љупка Галазка-Василев ќе биде отворена вечерва во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп. Отворањето е закажано за 19:00 часот во ликовната галерија од НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп.

„Лирско интермецо“ е колаж од сликарски секвенци преку кој се материјализираат нашите стравови , копнежи , желби и очекувања . Отсликување на човечката душа, нежна и кршлива а во исто време толку моќна. Презентирани ќе бидат дваесетина дела,насликани во техника акрил и комбинирана техника на платно,создадени во последните неколку години.

Уметничката Љупка Галазка-Василев е родена во Струмица во 1979 година. Василев дипломирала на Националната Ликовна Академија во Софија , Република Бугарија. Василев денес живее и работи во родната Струмица како професор по ликовна уметност во едно струмичко средно училиште. 

Инаку, Љупка Галазка-Василев има учествувано на повеќе групни изложби и ликовни колонии. Нејзината изложба во Прилеп што ќе биде отворена вечерва е поддржана од Министерството за Култура на Република Македонија и истата ќе може да се погледне до 24.9.2024 година до 19:00 часот.

#Култура


Коментари

Популарни постови са овог блога

Ученици од здравствената струка при СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп мереа шеќер во крвта, крвен притисок и витаминско-минерален статус (фото)

Реновирале стан и целиот отпад го оставиле во парк во Прилеп

Лишени 12 лица од слобода во Прилеп