Градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески со честитка за денот на македонската независност

 Празнична честитка...

Градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески на својот фејзбук профил се обрати со честитка по повод денешниот ден на македонската независност, а во истата вели дека 33 години подоцна македонскиот народ со иста желба и жар го славиме овој ден за продолжување на идејата на сите македонски херои кој низ македонската историја дале свој придонес за овие работи што ги имаме денес.

„Во мое лично име и во името на Локалната самоуправа на Општина Прилеп, на сите граѓани им го честитам 8 Септември, Денот на независноста на Република Македонија.
8-ми Септември 1991 година, денот кога македонскиот народ едногласно се изјасни дека сака своја, единствена, суверена и независна Република Македонија!
33 години подоцна го славиме тој ден со ист жар и желба за продолжување на идејата на сите македонски херои кои низ историјата дале свој придонес за ова што го имаме денес! Нека ни е вечна Република Македонија и нека ни е честит Денот на Независноста!“-вели градоначалникот на Општина Прилеп во својата честитка по повод македонската независност.
Борче Јовчески, градоначалник на Општина Прилеп

Инаку, делегација од Општина Прилеп предводена од градоначалникот Борче Јовчески, денеска положи свежо цвеќе пред споменикот на Методија Андонов-Ченто во центарот на Прилеп и пред споменикот на непобедените во паркот на револуцијата во Прилеп.

#Празнични честитки



Коментари

Популарни постови са овог блога

Јовчески: Новата прилепска катна гаража се очекува во употреба да се пушти за три недели

Автобускиот градски превоз во Прилеп со изменет возен режим

(Видео) Публиката на втората фестивалска вечер уживаше во настапот на Таско, Огнен Здравковски, Суперхикс и Том Нови