Филм „Бизнисот на задоволството“ во киното „Мис Стон“ во Прилеп

Филмот „Бизнисот на задоволството“ од Гоце Цветановски ќе биде прикажан во киното „Мис Стон“ во Прилеп...

Филмот „Бизнисот на задоволството“ ќе биде прикажан во Прилеп. Проекцијата на филмот е закажана за 19.9.2024 година со почеток од 19:30 часот во киното „Мис Стон“ во Прилеп.

Влезници за филмот можат да се набават на билетарницата од киното во среда  од 10:00 до 13:00 часот и четврток еден час пред проекцијата на филмот. Влезниците за филмот се по цена од 150 денари.

„Бизнисот на задоволството“ -откако ја изгубила својата најдобра пријателка како жртва на трговија со луѓе, една новинарка опсеивно работела на својата цел да ја разбере мрежата на сексуално ропство. Но, како што нејзините соучесници се приближувале до шефот, ситуацијата излегува од контрола“- е кратка содржина за филмот.

Режисер на филмот е Гоце Цветановски, продуценти се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски, а додека пак актери во филмот се Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахемти, Елени Дакидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска.

Времетраењето на овој филм е 97 минути, а категоризацијата е 16+ години.


#Култура

Коментари

Популарни постови са овог блога

Јовчески: Новата прилепска катна гаража се очекува во употреба да се пушти за три недели

Автобускиот градски превоз во Прилеп со изменет возен режим

(Видео) Публиката на втората фестивалска вечер уживаше во настапот на Таско, Огнен Здравковски, Суперхикс и Том Нови