Македонскиот пејач Огнен Здравковски денеска слави роденден

 Огнен Здравковски денес слави роденден...

Познатиот македонски пејач Огнен Здравковски денеска на денот на независноста на Македонија осми септември го просалвува својот 26 роденден.

Огнен Здарвковски е роден на 8.9.1998 година во Скопје. Здарвковски во своето родно Скопје заршува средно музичко училиште и завршува соло пеење на Факултетот за музичка уметност во Скопје.  За Здарвковски факт е дека е неверојатно талентиран за музика и секогаш зрачи со харизма. 

Огнен Здарвковски од мали нозе пројавил желба за музика, а во 2019 година Здравковски се пријавува и учевствува на едно од најгледаните музички шоу програми на балканот Ѕвездите на Гранд, а со своите настапи и енергија го воодушеви стручното жири на ова музичко шоу.. Како што извјави Здравковски во едно интервју неговото хоби е играњето фудбал. 

Имено, како што вели Здарвковски во интервјуто за српски медиум негови музички примери и „идоли“ му се Тоше Проески и Здравко Чолиќ, а на фестивалите и концертите каде има настапи публиката покажува огромна емоција и чест што може во живо да го слушне и види Огнен Здравковски. 

За Огнен може да се каже дека има глас и слух и дека може се да отпее од народно до забавно, а исто така  може да отпее и нешто патриотско. Ова е докажано бидејќи со учеството во проектот „Македонијо во срце те носиме“ Здравковски ја отпеа добро познатата македонска „Земјо Македонска“.

Инаку, Здравковски синоќа имаше настап на Тиквешкиот Гроздобер 2024 година во Кавадарци.

Тимот на порталот ИНФО-ПРИЛЕП на Огнен Здравковски му го честита 26 роденден и му посакува здравје, среќа, мир и многу успеси во музичката кариера. Среќен роденден Оги.

Х.А 

#Естрада

Коментари

Популарни постови са овог блога

Јовчески: Новата прилепска катна гаража се очекува во употреба да се пушти за три недели

Автобускиот градски превоз во Прилеп со изменет возен режим

(Видео) Публиката на втората фестивалска вечер уживаше во настапот на Таско, Огнен Здравковски, Суперхикс и Том Нови