Од утре ќе се спроведува есенската дератизација

 Од ЦЈЗ Прилеп ќе спреведуваат есенска дератизација...

Од утре 16.9.2024 година (понеделник) па се до 4.10.2024 година (петок) екипи од Центарот за Јавно Здравје од Прилеп ќе ја спроведуваат превентивната есенска дератизација. Со дератизацијата ќе биде опфатена подземниата канализациона мрежа во Прилеп и во депонијата Алинци. Дератизацијата ќе биде извршена со користење на отровни мамци односно родентициди. 

Од ЦЈЗ велат за успешно спроведување на оваа дератизација граѓаните треба да превземат соодветни мерки за избегнување на евентуални несакани последици, а мерките се следни.

Во текот на спореведувањето на дератизацијата да се оневозможи пристап на месното население до местата каде што е означаен и спроведен дератизациониот процес.

Строго се забранува контакт, отсранување или преместување на ротендицидните мамци.

Да се оневозможи пристап и контакт на домашните животни со родентиците мамци.

Од ЦЈЗ велат доколку граѓаните не ги почитуваат дадените мерки и правила ЦЈЗ-Прилеп се оградува од секаква одговорност при појава на несакани последици.

#Сервисни информации

Коментари

Популарни постови са овог блога

Ученици од здравствената струка при СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп мереа шеќер во крвта, крвен притисок и витаминско-минерален статус (фото)

Реновирале стан и целиот отпад го оставиле во парк во Прилеп

Лишени 12 лица од слобода во Прилеп