Ексклузивно: Инфо-Прилеп прв дознава за големиот солистички концерт на Јелена Карлеуша во Скопје
Јелена Карлеуша со голем концерт во Скопје во салата Јане Сандански...
Порталот Инфо-Прилеп прв дознава за концертот на Јелена Карлеуша што ќе се случи во Скопје. Балканската мега музичка ѕвезда која што е симбол за мода, сексипилност, феминизам и експлицитност Јелена Карлеуша го закажа својот солистички концерт во Скопје за 19.10.2024 година со почеток од 20:00 часот во спортската арена Јане Сандански во Скопје. Организатори за овој концерт на Карлеуша во Скопје се од Евент груп.
Имено, според објавите на социјалните мрежи од организаторите тие велат дека турнеата Алфа и Омега, Карлеуша ја започнува токму од Скопје.
Инаку, има екслузивна продажба на ФАН ПИТ влезници преку продажната мрежа на www.vleznica.mk , a додека пак влезници за на трибина можат да се набават преку продажната мрежа на www.karti.com.mk
#Естрада
Коментари
Постави коментар