На 10 ноември концерт „Македонија ќе пее за Куманово“ по повод ослободувањето на Куманово

Концерт„Македонија ќе пее со Куманово“ ќе се случи на градкиот плоштад во Куманово...

Од кумановската Фондација за култура и спорт-Куманово известуваат дека на 10.11.2024 година,  ќе се одржи концерт, а концертот е по повод денот на ослободувањето на Куманово. Од фондацијата велат дека станува збор за сосема нов концепт и концерет каков што досега Македонија не видела.

Со задоволство ви ја претставуваме богатата музичка програма во однос на мега концертот кој ќе се случи во очи празникот “11 Ноември”.Станува збор за сосема нов концепт и концерт каков што никогаш претходно се нема случено во Македонија. Со оглед на тоа дека ангажиравме 20 изведувачи за сите генерации и од сите жанрови на музика, концертот ќе биде поделен во четири етапи. Блок на локални уметници, блок на фолк изведувачи, блок на поп-рок изведувачи и блок на рап-трап изведувачи.“-велат од Фондацијата за култура и спорт-Куманово.

Имено, водител на концертот е Стефан Лазаров, а од фондацијата додаваат дека се надеваат на многу позитивни реакции од страна на публиката.

Концертот е закажан за 10.11.2024 година (недела) со почеток од 20:00 часот на градскиот плоштад во Куамново, а истиот е под мотото „Македонија ќе пее за Куамново“.


#Култура

Коментари

Популарни постови са овог блога

Јовчески: Новата прилепска катна гаража се очекува во употреба да се пушти за три недели

Автобускиот градски превоз во Прилеп со изменет возен режим

(Видео) Публиката на втората фестивалска вечер уживаше во настапот на Таско, Огнен Здравковски, Суперхикс и Том Нови