Филипче: Победничкиот дух на 11Октомври да не води во сите битки и одлуки пред нас
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче излезе со честитка за 11Октомври...
Денес се навршуваат 83 години од македонското востание против бугарскиот и антифашистичкиот окупатор. По тој повод со своја честитка излезе и претседателот на СДСМ, Венко Филипче во која вели дека победничкиот дух на 11Октомври е во сите битки и одлуки пред нас.
„Победничкиот дух на 11 Октомври нека не' води во сите битки и одлуки пред нас! Вечна слава на партизаните кои покажаа како храбро и со непоколеблива верба се стои на вистинската страна на историјата. Партизанската победа во борбата против фашизмот го трасираше патот до нашата современа македонска држава и е патоказ за напредокот и денес и засекогаш.Честит и вековит нека е Денот на народното востание!“-вели Филипче во својата честитка.
Инаку, претсавници од политички партии, претсавници од кабинетот на македонската претседателка, претсавнии од македонската влада како и претсавници на дипломатскиот кор денес положија букет свежи цвеќиња пред спомениците на македонските ослободители во Скопје, Прилеп и во Куманово.
#Македонија
Коментари
Постави коментар