Прилепскиот градоначалник Борче Јовчески со честитка за 11Октомври

 Градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески излезе со честитка за 11Октомври...

Денес се одбележуваат 83 години од македнонакато народно востание против букарскиот и антифашистичкиот окупатор. По тој повод градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески излезе со честитка на социјалните мрежи во која вели дека луѓето од градот херој Прилеп излегле пред 83 години и се бореле против бугарскиот окупатор.

Прилеп, нашиот град херој и луѓето во него, пред 83 години тргнале храбро да се борат против фашистичкото зло и со нападот на витални објекти во Прилеп, го означиле почетокот нанародното востание на Република Македонија, за слобода од бугарскиот окупатор - херојски подвиг кој заслужува огромна почит и за што денеска се поклонуваме.“-вели во честиката прилепскиот градоначалник, Борче Јовчески.

Имено Јовчески во честитката додава дека стоејќи пред спомен обележјата во нивна чест пред бестите на народните прилепски херој се потсетуваме на востанието кое тие го извојувале за самостојна и независна држава.
„Денес стоејќи пред спомен обележјата во нивна чест, каде се бистите и на народните прилепски херои, се потсетуваме на победоносното востание кое тие го извојувале за создавање македонска самостојна и независна држава и на аманетот кој ни го оставиле, да ја чуваме, сакаме и да ја браниме од секакво зло со верата и силата на нашиот дух. Честит 11Октомври Македонци! Да ни е вечна Република Македонија!“-додава Јовчески во својата честитка по повод 11Октомври.

#Локално


Коментари

Популарни постови са овог блога

Видевска: Задоволна сум од уписот на ученици во СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп

Од „Пушти коси“ до „ И тебе сам сит кафано“ синоќа на Пиво фестивалот во Прилеп

Прилеп со 8 милиони евра ќе инвеститра нови развојни програми