На 24 и 25 октомври театарската претстава „Хамлет“ ќе се одигра во НТ„Војдан Чернодрински“-Прилеп

Претставата „Хамлет’’ ќе се одигра во НТ„Војдан Чернодрински“...

Театарската претстава „Хамлет“ во режија и адаптација на Бранко Брезовец ќе се одигра во НТ„Војдан Чернодрински“ на 24 и 25.10.2024 година (четврток и петок) со почеток од 20:00 часот.

Оваа претстава е работена според трагедијата на Вилијам Шекспир и, со користење на драмите „Во малиот дворец’’ од Станислав Игнациј и драмата „Чест“ од Васил Иљоски. 

Во претставата ќе играат глумците Зоран Иваноски, Димитар Ѓорѓиевски, Андон Јованоски, Даниела Иваноски, Марија Спиркоска-Илијеска, Игор Трпчески, Илија Волчески, Александар Тодески, Михајло Миленкоски, Наташа Ачански, Виолета Чакарова и Ана Митоска. 

Влезници за тетарската претстава „Хамлет“ може да се набават на телефонскиот број 076/442-378


#Култура

Коментари

Популарни постови са овог блога

Видевска: Задоволна сум од уписот на ученици во СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп

Новогодишен базар во Прилеп од 24 до 31 декември

Ново во Прилеп: Fast Food Bla Bla – вкус кој ќе се памети!