На 25 и 26 октомври во Штип ќе се одржи престижниот македонски фестивал на забавни мелодии „Макфест“

„Макфест“ годинава ќе се одржи на 25 и 26 октомври...

На 25 и 26.10.2024 (петок и сабота) во Домот за Култура „Ацо Шопов“ во Штип ќе се одржи 39-то издание на еден од најпознатите и најпрестижните македонски фестивали на забавна музика „Макфест“. Новост на фестивалот е што годинава изведувачите ќе бидат придружувани со музички оркестар и истите своите музички композиции ќе ги изведуваат во живо пред публиката во салата од ДК„Ацо Шопов“-Штип.

Директорот на фестивалот, Роберт Саздов вели дека годинава има рекорден број на пријавени песни на фестивалот.

„Претпоставувам дека го направивме вистинскиот избор на песни. Годинава имавме рекорден број на пријавени песни на фестивалот. Преклани кога почнавме со оваа постава имаше помалку од 15 песни пријавени на конкурсот, а лани имавме 56, а оваа година имаме 76 песни. Интересот кај естрадата и кај македонската јавност е се поголем“-изјави за медиумите директорот на фетивалот, Роберт Саздов.

Имено, вкупниот буџет за реализација на овогодишното издание на фестивалот изнесува 6.000.000 денари. Локалната самоуправа и општествено одговорните компании издвоија 5.000.000 денари, а додека пак со 1.000.000 денари Министерството за култура на Република Македонија го поддржува овогидшното 39-то издание на фестивалот.

Градоначалникот на Штип, Иван Јорданов за медиумите пак вели дека поддршката што ја имаат за овогодишниот фестивал не е доволна и убеден е дека за 40-то идание на фестивалот поддршката од Министерството за култура на Република Македонија ќе биде онаква каква што и доликува.

„Поддршката која што ја имаме годинава не е доволна. Она што го имавме во изминатите години наназад како недоразбирање и минимална поддршка од страна на Министерството за култура,а веќе од годинава имаме поместувања во позитивна насока. Јас сум убеден дека на јубилејното 40-то издание поддршката од Министерството за култура на републикава ќе биде онаква каква што и долкува“-изјави за медиумите штипскиот градоначалник, Иван Јорданов.

Инаку, фестивалот годинава е од ревијален карактер, а ќе има само една награда за доделување, а тоа е наградата за најслушана песна меѓу двата фестивали. Директен пренос од двете фестивалски вечери ќе врши Македонската Радио Телевизија.


#Култура

Коментари

Популарни постови са овог блога

Јовчески: Новата прилепска катна гаража се очекува во употреба да се пушти за три недели

Автобускиот градски превоз во Прилеп со изменет возен режим

(Видео) Публиката на втората фестивалска вечер уживаше во настапот на Таско, Огнен Здравковски, Суперхикс и Том Нови