Обука на тема бизнис и претприемништво како дел од проектот „СОНУВАЈ ГОЛЕМО“ од младинаската невладина организација ADEY
Младинската невладина организација ADEY одржа обука на тема бизнис и претприемништво...
Младинската невладина организација и здружение за развој и едукација на деца ADEY одржа обука за своите идни ученици-натпреварувачи. Обуката се одржа во просториите на СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп или помеѓу прилепчани попознато како медицинско училиште.
Имено, пред почетокот на обуката идните средношколци односно деветооделенците имаа мала прошетка низ просториите и кабинетите за практична обука во самото училште, а истата се одвиваше благодарение на директорот на училиштето Жанета Видевска.
На обуката учениците и нивните ментори наставници се запознаа со програмата за работа во текот на целата година и активно беа вклучени во активностите согласно потребите за развивање на претприемачките способости. Обуката која што ја одржа младинската невладина организација ADEY е како дел од проектот „СОНУВАЈ ГОЛЕМО“, а од годинава организацијата ADEY склучи соработка со ЦЕФЕ Македонија.
Претседателот на организацијата Михаил Ангелески ни изјави дека обуката се одржува како воведен настан во огодишниот имплеметиран преокт.
„Оваа обука се одржува како воведен настан во овогодишниот имплементиран проект односно пеоктот „СОНУВАЈ ГОЛЕМО“-изјави претседтелот на организацијата Ангелески.
Имено, Ангелески на нашето прашање како дојде до соработка со ЦЕФЕ Македонија вели дека тие како здружение ги исконтактирале бидејќи, тие се занимавале со слична дејност на онаа која што ја има организацијата ADEY.
„До соработка со ЦЕФЕ Македонија дојде на начин каде што ние ги исконтактиравме бидејќи, тие се занимаваат со слична дејност од онаа која што ја има нашата Адеј организација односно имаат како визија и мисија и се занимаваат со истата бранша како нашето здружение.“-вели Ангелески.
Инаку, на наше новинарско прашање како тие како организација очекуваат да се одвива работата на ученичките тимови од основните училишта, кој училишта учевствуваат на натпреварот што се одржува во месец мај, а е организиран од здружението ADEY и како ученичките тимови ќе се претстават на завршниот настан со оглед на тоа дека годинава концептот на истиот ќе биде подруг за разлика од минатата година претседателот Ангелески го изјави следново.
„Работата на ученичките тимови очекуваме да биде навистина убава и да имаме убава соработка пред се со учениците, а потоа и со нивните наставници ментори и да имаме хармонична атмосвера, а исто така очекуваме и убав пристап на тимовите и менторите. На завршниот натпревар во месец мај ќе учевствуваат ООУ„Кире Гаврилоски-Јане“-Прилеп, ООУ„Гоце Делчев“-Прилеп, ООУ„Блаже Конески“-Прилеп, ООУ„Рампо Левката“-Прилеп, ОУ„Манчу Матак“-Кривогаштани, ООУ„Али Фети-Окјар“-село Дебреште, ОУ„Пеце Даскалот“-Долнени. На завршниот настан ученичките тимови ќе се претсавуваат со пич презентации но годинава истиот ќе биде малку повеќе шоуски и со поинтересна програма“-додава претседателот на младинската невладина организација и здружение за развој и едукација на деца ADEY, Михаил Ангелески.
На обуката која што се одржа во просториите на СОУ„Ѓорче Петров’’-Прилеп присутен беше и директорoт на училиштето Видевска која што на присутните ученици и ментори им посака среќа и успех.
Редакцијата на порталот ИНФО-ПРИЛЕП на учениците, менторите, претсеадтелот и соработниците на организацијата ADEY им посакува успех.
Христијан
#Локално
Коментари
Постави коментар