Ученици од основните и средни училишта во Општина Прилеп повторно го формираа македонското знаме

Ученици од основните и средни училишта од Општина Прилеп го формираа државното македонски знаме…

Со низа настани Општина  Прилеп и годинава ќе го одбележи денот на народното македонско востание 11 октомври.

Одбележувањето на 11 октомври во Прилеп започна на 5.10.2024 година со џудо турнирот „Прилеп град херој 2024” и истиот се идигра во спортската сала при СОУ„Ристе Ристески-Ричко”-Прилеп. Исто така на 5.10.2024 година пред камена бина во центарот на Прилеп се одржа Еколошки настан за собирање на текстилен отпад-Тексомак ДОО. Одбележувањето на 11 октомври во Прилеп продолжи и на 8.10.2024 година со концерт на „Ансамбал Македонија” кој се одржа во НУЦК„Марко Цепенков”-Прилеп.

Одбележувањето на 11 октомври во Прилеп продолжи и вчера со хуманитарен концерт за малиот Никодим кој се одржа во теренот на Могилата на непобедените во Прилеп и истиот беше со почеток од 18 часот. Во текот на вчерашниот ден се одржаа уште два настани за одбележување на 11 октомври во Прилеп и тоа „Вечер на родољубива поезија” со почеток од 18 часот и истата се одржа во Градсаката библиотека „Борка Талески”-Прилеп, а имаше и изложба на фотографии „Лапидариум” и истата се одржа во НУ Завод и Музеј Прилеп и истата беше со почеток од 20 часот.

Одбележувањето на денот на македонското востание во Прилеп продолжи и во текот на денешниот ден кога точно на пладне ученици од основните и средни училишта од Општина Прилеп на градскиот плоштад во Прилеп го формираа државното македонско знаме.

Градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески на фејзбук профил по повод формирањето на знамето во центарот на Прилеп напиша дека со гордост ја продолжуваме традицијата за формирањето на македонското знаме.

Со голема гордост денес ја продолжуваме традицијата на формирање на македонското знаме во срцето на нашиот град Прилеп!

Оваа година, повторно 1200 ученици од сите основни и средни училишта од Прилеп се здружија за да го формираат нашиот најголем национален симбол – македонското знаме. Возобновувањето на оваа прекрасна традиција ја зацврстува нашата љубов кон татковината и нејзините вредности, а воедно е дел од богатата програма посветена на 11 Октомври.”-вели Борче Јовчески, градоначаник на Општина Прилеп во неговата фејзбук објава.

Имено, Јовчески во објавата додава дека формирањето на македонското знаме е израз за нашата почит кон историјата и кон оние кои се бореле за слободата и независноста на Македонија.

Ова е повеќе од перформанс – тоа е израз на нашата почит кон историјата, кон сите оние кои се бореле за слободата и независноста на Македонија. Симболично, преку овие млади генерации, ја негуваме љубовта кон татковината и ги всадуваме основните вредности на слободата, демократијата и почитта кон националните симболи.

Нашата иднина е во рацете на овие млади луѓе, и затоа е клучно да ги учиме на важноста на историјата, на сплотеноста и љубовта кон нашата татковина. Со нивната енергија и ентузијазам, ние се движиме напред кон нови достигнувања, горди на минатото и полни со надеж за иднината.”-додава прилепскиот градоначалник Борче Јовчески во неговата фејзбук објава.

Централната манифестација за одбележувањето на 11 Октомври во Прилеп ќе се одржи вечерва со почеток од 18:30часот кога ќе биде отворена изложбата на дела од Владимир Лукаш во НУЦК„Марко Цепенков”-Прилеп. На центароаната прослава вечерва во Прилеп свој концертен настап од 19 часот ќе има КУД„Пере Тошев”. Од 19:30часот ќе започне и поздарвниот говор на прилепскиот градоначалник Борче Јовчески, а во 19:45 часот ќе започне инпровизираниот напад на участакот го Прилеп. Во 20часот ќе се одржи и огнометот.Централната манифестација што ќе се одржи вечерва ќе биде затворена со концерт на музичката група „No Cigarettes” и истиот е со почеток од 20:15 часот на камената бина во Прилеп.


Имено, одбележувањето ќе продолжи и утре 11.10.2024 година со положување на свежо цвеќе пред спомениците на Методија Андонов-Ченто, Кузман Јосифовски-Питу и Могилата на непобедените, ќе се одржи крводарителска акција во просториите на црвениот крст во Прилеп, а ќе се одржи и саем на автомобили на булеварот „Гоце Делчев” во Прилеп.

Одбележувањето на 11 октомври во Прилеп ќе продолжи до 12.11.2024 година кога ќе се одржи фестивалот на медот и саемот на земјоделски производи во Прилеп.


#Локално

Коментари

Популарни постови са овог блога

Ученици од здравствената струка при СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп мереа шеќер во крвта, крвен притисок и витаминско-минерален статус (фото)

Реновирале стан и целиот отпад го оставиле во парк во Прилеп

Лишени 12 лица од слобода во Прилеп