Премиерот и претседател на македонаката влада Христијан Мицкоски со честитка за денот на македонското народно востание
Христијан Мицекоски, премиер и претседател на владата денес излезе со честитка за 11Октомври...
Денес се одбележува и чествува денот на македонското народно востание против бугарскиот и антифашистичкиот отпор. По тој повод македонскиот премиер и претседател на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски на социјалните мрежи излезе со честитка за 11Октомври во која вели дека од негово лично име и од името на Валдата на сите македонски граѓани му го честита 11Октомври.
„Дозволете ми од мое лично име и од името на Владата да Ви го честитам 11 Октомври, Денот на народното востание.Оваа година одбележуваме 83 години од пркоста и желбата за слободна Македонија.Македонците на тој 11 Октомври 1941 година се впишаа на мапата на слободарските народи, кои заедно со Сојузниците од Втората светска војна го поразија Нацизмот и Фашизмот.Народниот дух на пркост и непокор кој беше демонстриран на тој 11 Октомври трае и ден денес, тој е движечка сила за промени и подобро утро. Тоа е мислата која не влече напред, дека секогаш може и мора подобро.Ако нашите дедовци имаа за цел да ја ослободат државата, нашата цел е да ја развиеме Македонија.“-вели Христијан Мицксоки.
Имено, Мицкоски во својата честиитка додава дека ерата пред нас ќе биде одбележана со економски напредок и развој како и со правна сигурност на системот за владеење на правото што самото по себе подразбира бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата.
„Почитувани сограѓани, иако се соочуваме со предизвици, ние зачекоривме во ера на економска трансформација и назад од тоа нема. Цврсто се обврзавме пред граѓаните дека посветено, чесно, одговорно ќе работиме за повторно да ја вратиме државата во рацете на граѓаните и работиме на тоа преку конкретни реформи, проекти и промени кои се клучни за рестарт на институциите и на системот.Ерата пред нас ќе биде одбележана со економски напредок и развој, правна сигурност на системот и владеење на правото што само по себе подразбира бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата, иднина за сите граѓани, проекти за развој, надеж која носи позитивни промени, нови работни места, перспектива за младите и конечно обезбедување на подобар и поквалитетен животен стандард.Како генерација политичари, ние немаме втора шанса, и оваа шанса и доверба која ја ни ја дадовте мораме да ја зграпчиме и од истата извадиме најмногу што можеме, тоа им го должиме на сегашните, но и на идните генерации на кои мораме да им обезбедиме својата иднина да ја градат тука, зошто ни е аманет од тие пред нас.Само заедно сложни Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци можеме да градиме единство, иднина и просперитет.Продолжуваме посветено да чекориме по патот на борбата за создавање на држава на среќни и задоволни граѓани.Нека е честит 11 Октомври - Денот на народното востание.“-додава Мицксоки во својата честитка за 11Октомври.
#Локално


Коментари
Постави коментар