Христијан Настески-Пајак со нова песна насловена како „Ко те љуби”

„Ко те љуби” нова песна на мега популарниот „тинејџерски” пејач Христијан Настески-Пајак…


Денес на јутјуб каналот од Урбан рекорд во јавноста излезе новата песна на Христијан Настески-Пајак со наслов „Ко те љуби”.

Имено, текстот за новата песна на Пајак е на Наполеон , музиката е на самиот Христијан Настески-Пајак, a додека пак миксот и мастерингот за новата песна на Пајак со наслов „Ко те љуби” е на Иван Јованов-ИваЈо.

Видео-спотот е сниман од страна на продукацијата Урбан Рекорд, за директор на видео-спотот се потпишува Гордан Божиновски, видео-спотот е сниман со камерата на Стефан Биков, а додека пак монтажата за видео-спотот за новата песна на Пајак „Ко те љуби” е на Гордан Божиновски.

Инаку, во видео-спотот како модел се појавува Анастасија Димеска, а за нејзината облека се погрижиле од „Дрес Код”. Во видео-спотот е упатена и благодарност до Туристичката Агенција „Фибула Травел”од Скопје.

Во продолжение слушнете ја новата песна на Пајак  со наслов „Љуби ме”, а ние се надеваме дека и вас ќе ви се допадне исто како што ни се допадна и нас.


Екипата на ИНФО-ПРИЛЕП на Христијан Настески-Пајак му посакува многу успеси во музичките води.


#Естрада





Коментари

Популарни постови са овог блога

Ученици од здравствената струка при СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп мереа шеќер во крвта, крвен притисок и витаминско-минерален статус (фото)

Реновирале стан и целиот отпад го оставиле во парк во Прилеп

Лишени 12 лица од слобода во Прилеп