Сиљановска-Давкова: Ве повикувам да ги надминеме меѓусебните делби и да се обединиме во заедничката борба за просперитетна европска држава и за праведно македонско општество.
Македонската претседателска Гордана Сиљановска-Давкова излезе со честитка за денот на народното востание на Македонија...
Денес 11Октомври се навршуваат точно 83 години од македонското народно востание против окупаторите. По тој повод македонската претседателска Гордана Сиљановска-Давкова на свечената академија што се одржа во 13:00 часот во Музејот на македонската борба за самостојност испрати честитка до македонските граѓани, а во истата Сиљановска-Давкова вели дека нашите предци заедно се сплотија и го постигнаа она што неможеа да го постигнат засебно.
„Нека ни е честит 11 Октомври - Денот на Народното востание, меѓникот што ја одреди нашата сегашност и иднина. Нашите предци се сплотија и заедно го постигнаа она што не можеа да го остварат засебно – слободна македонска држава. “-вели претседателската на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова во нејзината честитка за 11Октомври.
Имено, Давкова во нејзината честитка додава дека не повикува да ги надминеме меѓусебните делби и да се обединиме во заедничка борба за просперитетна и европска држава.
„Ве повикувам да ги надминеме меѓусебните делби и да се обединиме во заедничката борба за просперитетна европска држава и за праведно македонско општество.“-додава Давкова во честитката.
Инаку, претсавници од кабинетот на претседателската Сиљановска-Давкова положија свежо цвеќе пред спомен обележјата на македонските народни херои во Скопје.
#Македонија
Коментари
Постави коментар