Тетарската претстава за спречување на трговија со луѓе „Маѓепсан круг“ се одигра синоќа во НУЦК„Марко Цепенков’-Прилеп
„Маѓепсан круг“ -тетарска претстава за спречување на трговија со луѓе се одигра во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп...
Денес 18 октомври е светскиот ден во борбата против трговијата со луѓе. По тој повод во големата сала од ЦК„Марко Цепенков“-Прилеп се одигра претставата „Маѓепсан круг“. Тетарската претсава беше изведена од страна на глумците „аматери“ од Драмската Секција „Слободно театарче’’ која долги години работи во СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп и истата е под менторство на Биљана Тинтоска, професор по македонски јазик и литература во училиштето. Ментор и режисер на тетарската претстава„Маѓепсан круг“ е Биљана Тинтоска, а автор на текстот е актерот Филип Стојаноски.
Тетарската прертсава „Маѓепсан круг“ во оригинална форма всушност е радио драма и таа е дел од иницијативата под мотото „Промени го мислењето и остани надвор од маѓепсаниот круг’’кој што е во реализација на Радио Пела, а исто така таа е дел и од проектот „Зајакнување на акцијата против трговија со луѓе во Северна Македонија“ и истата е дел од заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа како и од хоризонталниот инструмент за Западен Балкан и Турција.
На самиот почеток од претсавата со поздравен говор пред присутните излезе Елизабета Филипоска од Радио Пела која што порача дека ваките појави постојат но дека не сме помислиле дека тоа е мотив на трговија со луѓе односно трговија со деца.
„Радио Пела заедно со средношколците од СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп, Драмската Секција „Слободно Театарче“ ја реализиравме радио драмата „Маѓепсан круг“ во режија на Биљана Тинтоска и текст на Филип Стојаноски, надополнета со прекрасните музички звуци на Добрила и Дориан Дуо од албумот „Апокроф“ кој ги отстапија авторските права за радио драмата, а потоа се преточи и во тетарска претстава со име „Маѓепсан круг’’. Во нашето опкружување верувам дека ваквите појави постојат но никогаш не сме помислиле дека тоа е мотив на трговија со луѓе односно трговија со деца. Токму четирите различни приказни во театарската претстава надополнета со документарни искази имаат за цел да ја подигнат јавната свест во локалната заедница за детектирање, алармирање и спречување на појавата на принудни малолетнички детски бракови како осебна форма на трговија со луѓе“-вели Филипоска.
Како средношколците од Прилеп го креваат гласот против трговијата со луѓе кажа директорот на СОУ„Ѓорче Петров’-Прилеп, Жанета Видевска која рече дека со проектот го даваат придонесот како училиште во борбата против трговија со луѓе и малолетничките бракови.
„Ми претсавува огромна чест и задоволство да присуствувам на прикажувањето на драмската театарска претстава „Маѓепсан круг“ која што Радио Пела и учениците на СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп ја подготвија по повод 18 октомври, Европскиот ден на борба против трговијата со луѓе. Проктот е изработен во соработка со Радио Пела и носи работен наслов „Промени го мислењето, остани надвор од маѓепсаниот круг. Радио драмата и аматерска драмска претства „Маѓепсан круг“ е најновиот проект на Драмската Секција „Слободно Театарче’’која долги години работи во нашето училиште под менторство на професорката Биљана Тинтоска, која што ревносно ги подготвува учениците и постојано секоја година прави претстави со кој што ние ги полниме салите во нашиот град. Со овој проект ние како училиште го даваме нашиот голем придонес во борбата против трговијата со луѓе и малолетничките бракови, појава која што постои и која што е насекаде околу нас, која што за жал ние понекогаш не ја забележуваме, а многу често ја игорираме. Нашите ученици во соработка со Радио Пела направија одличен спој на ентузијазмот и искуството, со што ги покажаа своите вештини во глумењето и тие се повеќе од глумци аматери“-вели Видевска.
Имено, Филипоска додава дека во проектот не биле сами дека имале помош и поддршка од Општина Прилеп, Советот на Оштина Прилеп, граѓански организации и слично.
„Во проектот „Промени го мислењето, остани надвор од маѓапсаниот круг“ не бевме сами, во креирањето на сето ова голема поддрша ни даде Општина Прилеп, градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески, советот на Општина Прилеп, СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп, средношколците од средните училишта во Прилеп и Крушево, Меѓуопштинскиот центар за социјални работи Прилеп, Регионалната Стопанска Комора-Прилеп, компанијата „Комфи Ангел“ која не поддржа во сите наши активности, граѓанските оргнизации, Центарот за Култура „Марко Цепенков“-Прилеп, медиумите во Македонија кои ја споделија драмата на своите програми, Општините Кривогаштани, Крушево и Долнени каде ќе се прикажува претставата, Битола со поддршка на Euro house Битола кои ни помогнаа за промоција и сето тоа немаше да биде вака ако не беа нашите пријатели од Европската Унија и Советот на Европа, програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје кои се денешни наши гости и кои не вклучија во акцијата насловена „Зајакнување на акцијата против трговија со луѓе во Северна Македонија“ која е дел од европската иницијатива за соработка на унијата, советот на Европа за Западен балкан и Турција.“-додава Филипоска.
На промоцијата на претставата „Маѓепсан круг“ присутен беше и Олег Солдатов, раководител на канцеларијата на Советот на Европа во Скопје кој рече дека во Македонија има се поголем број на случаи на трговија со луѓе,а осебно трговија со деца.
Инаку, на промоцијата на претставата „Маѓепсан круг’’ што вечерва се одигра во големата сала при НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп присутни беа градоначалникот на Оштина Прилеп, Борче Јовчески, претседателот на Советот на Оштина Прилеп, Ирена Стерјовска-Локвенец, а имаше и голем број на професори, ученици и родители кој со внимание ја следеа изведбата на претставата.
Во претставата како глумци „аматери“ се појавија Михаил Јорданоски, Михаил Тркалески, Вања Младеновски, Марко Костадиноски, Матеа Стојчевска, Тамара Димитриеска, Даниел Главчев, Исидора Николоска, Марија Котева, Исидора Попоска, Наталија Шекероска, Марија Стеваноска, Марија Јовеска и Филип Стојаноски.
Претставата беше изведена во 4 етапи а исто така беше и повеќе од одлична, а на истата не беа изоставени и солзите кај некого од публиката.
#Образование
Коментари
Постави коментар