Посетителка на скопската зоолошка градина побарала да биде тестирана за птичји грип
Посетителка на зоолошката градина во Скопје побарала да биде тестирана за птичји грип...
Посетителка на Зоолошката градина во Скопје со упат од матичен лекар побарала да биде тестирана за птичји грип во Институтот за јавно здравје. Директорката на институтот, Марија Андоновска за медиумите вели дека очекувано е луѓето да бидат вознемирени и да побараат да бидат тестирани против птичјиот грип, но таа сепак кај граѓаните кои ќе бидат тестирани за птичјиот грип очекува негативни резултати. Епидемиолозите пак смируваат да не се шири паника и страв меѓу граѓаните, а како што тие велат ризикот од пренесување на птичјиот грип од животно на човек е минимален и скоро невозможен.
Имено, вратите на скопската зоолошка се под клуч веќе четврти ден, а пред нив има само табла која што сведочи за затворањето на една од најпосетуваните „забавни“ институции во земјава.
Јаким Неделков, претседателот на СОНК пак вели дека вработените во зоолошкта градина во Скопје поради политички пресметки се „предмет’ на т.н јавен линч од страна на македонската јавност. Од СОНК исто така го дематираат и соопштението поставено на социјалните мрежи.
Инаку, во градоначалничкиот мандат на скопската градоначалничка Арсовска пак се сменија четири директори на скопската зоолошка градина и таа поради поморот на животни во зоолошката е постојано со критики од страна на македонската јавност.
#Македонија
Коментари
Постави коментар