Градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески со честитка за денот на македонската револуционерна борба

Борче Јовчески, градоначалник на Општина Прилеп излезе со честитка по повод 23 октомври...

Денес 23 октомври се одбележува денот на македонската револуционерна борба. По тој повод делегација од Општина Прилеп предводена од прилепскиот градоначалник Борче Јовчески положија свежо цвеќе пред спомен обележјата на патриотите од тоа време.

Прилепскиот градоначалник Борче Јовчески, во својата честитка на социјалната мрежа фејзбук вели дека пред точно 131 година на денешен ден во Солун, шестмина македонски патриоти ја поставија основата на Организацијата која ќе ја предводи македонската борба за автономија и државност. 

Честит 23-ти Октомври, Денот на македонската револуционерна борба, денот кога започна патот кон слободата и независноста на Република Македонија! Пред 131 година, на овој ден во Солун, шестмина македонски патриоти – Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев – ја поставија основата на Организацијата која ќе ја предводи македонската борба за автономија и државност. Нивната визија и решителност го запалија огнот на слободоумната борба кој низ годините водеше до Илинден 1903, Крушевската република и конечно до осамостојувањето на нашата држава. -вели прилепскиот градоначалник Јовчески во својата честитка.

Имено, Јовчески во честитката додава дека овој ден го славиме како ден на македонската чест и гордост за непокорливата волја на предците за слобода и правдина. 

Овој значаен ден го славиме како ден на македонската чест и гордост, ден кога ја одбележуваме непокорливата волја на нашите предци за слобода и правдина. Борбата што ја започнаа овие храбри луѓе е темелот врз кој денес стои суверена и независна Република Македонија. Да ни е вечна Македонија!-додава Јовчески во честитката за денот на македонската револуционерна борба.


#Локално


Коментари

Популарни постови са овог блога

Јовчески: Новата прилепска катна гаража се очекува во употреба да се пушти за три недели

Автобускиот градски превоз во Прилеп со изменет возен режим

(Видео) Публиката на втората фестивалска вечер уживаше во настапот на Таско, Огнен Здравковски, Суперхикс и Том Нови