Ноќва започнува зимското сметање на времето

Ноќва во 3 часот стрелките се поместуваат еден час наназад и ќе биде 2 часот...

Ноќва започнува зимското сметање на времето. Стрелките на часовникот од ноќва се враќаат за еден час наназад, што значи дека стрелките во 3 часот ќе се вратат за еден час нанзад и ќе биде 2 часот.

Имено, зимското сметање на времето секогаш започнува на последниот викенд од месец октомври  и трае се до последниот викенд од месец март идната година.  Сезонското менување на времето освен во Европа се користи и во САД, Канада, во повеќе земји на Централна Америка и во многу други земји од светот. 

Сезонското менување на времето не се применува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, Израел и во многу други земји од африканскиот континент.

Инаку, сезонското менување на времето е се со цел максимално да се искористи дневната светлина во зима кога денот всушност е најкраток.


#Магазин

Коментари

Популарни постови са овог блога

Ученици од здравствената струка при СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп мереа шеќер во крвта, крвен притисок и витаминско-минерален статус (фото)

Реновирале стан и целиот отпад го оставиле во парк во Прилеп

Лишени 12 лица од слобода во Прилеп