„Жолто Црвено“ нова песна на Влатко Лозаноски-Лозано

 Влатко Лозаноски-Лозано со нова песна насловена како „Жолто Црвено“...

Фотографија од Лозано од видео спотот од песната „Жолто Црвено“

На јујуб каналот на Влатко Лозаноски-Лозано попладнево беше промовирана неговата нова песна насловена како „Жолто Црвено“. Музиката, аранжманот, миксот и мастерингот се на Лазар Цветковски, текстот за новата песна на Лозано со наслов „Жолто Црвено“ е на Мгадалена Цветковска-Ена, Лазар Цветковски и на самиот Лозано. Песната е снимаена во LCV Production. 

Имено, зад видео спотот за новата песна на Лозано се потпишува „Сустеин Продукција“ ,а сценариото и режијата за видео спотот се на Даниел Јовески и аститентот Никола Ставрески. Улогите во видео спотот за новата песна на Влатко Лозаноски со наслов „Жолто Црвено“ ги толкуваат Христијан Проданов, Ива Цацкова, Андреј Пајмакоски, Тирјакија Јовеска и Љупчо Андреески.

За надворешната убавина на Лозано во спотот се погрижија од модното студио „Папаз“, Оптиката „Диоптра“, а за неговата фризура се погрижија од „Студио IV Скопје“. Под видео спотот за новата песна на Лозано на неговиот јутјуб канал има упатена благодарност до Офицерскиот Дом во Битола и до Јосифов автомобили од Битола.

Новата песна на Лозано насловена како „Жолто Црвено“ за помалку од 6 часа собра над 900 лајкови и повеќе од 80 пофални кометари, а истата е достапна и на музичките платформи Амазон, Ај Тјунс, Дезер, Шазам и Спотифај.

Инаку, Лозано е еден од најдобрите, најбарани и најпознати македонски пејачи на забавна македонска музика, а оваа година Лозано издаде и две други песни со наслов „Маскенбал“ и „Бариера“.

Во продолжение слушнете ја новата песна на Влатко Лозаноски-Лозано со наслов „Жолто Црвено’’, а ние се надеваме дека ќе ви се допадне вас исто толку колку што ни се допадна и нас. Ужавјте!

#Естрада

Коментари

Популарни постови са овог блога

Ученици од здравствената струка при СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп мереа шеќер во крвта, крвен притисок и витаминско-минерален статус (фото)

Реновирале стан и целиот отпад го оставиле во парк во Прилеп

Лишени 12 лица од слобода во Прилеп