Прилепчанката Благица Вељаноска го сними својот прв видео-спот за песната „Петлите пеат, зора се зори“

Благица Вељаноска го сними својот прв видео-спот...

Прилеппчанката Благица Вељаноска изминативе денови го сними својот прв видео-спот за нејзината прва преработена стара македонска песна „Петлите пеат, зора се зори“. Вељаноска спотот го сними во познатото прилепско село Зовиќ во областа Мариово. 

Имено, приемарата за првата кавер песна на Вељаноска е закажано за утре (3.10.2024 година) и истата ќе се случи на каналот на сателитската ИН Телевизија околу 15:00 часот попладне. Аудиото за песната, Благица Вељаноска го сними во студиото на музичарот Славко Ристески, а видео-спотот го снимаше продукцијата ИН.

Инаку, да потсетиме Благица пред некое време се натпреваруваше во македонското музичко талент шоу каде што стигна до финалето, а истата е член и вокал на групата „Конзули“, а исто така таа е активна и на социјалните мрежи каде што споделува работи од нејзиното секојдневие.

#Естрада

Коментари

Популарни постови са овог блога

Видевска: Задоволна сум од уписот на ученици во СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп

Од „Пушти коси“ до „ И тебе сам сит кафано“ синоќа на Пиво фестивалот во Прилеп

Прилеп со 8 милиони евра ќе инвеститра нови развојни програми