Тестираната посетителка на скопската зоолошка градина е негативна на птичји грип

Посетителката на скопската зоолошка градина е негативна...

Со упат од матичен лекар посетителка на скопската зоолошка градина во текот на вчерашниот ден побарала да биде тестирана за птичји грип кој пред четири дена беше детектиран во скопската зоолошка градина. 

Посетителката за птичји грип беше тестирана во Институтот за јавно здравје во Скопје, а резултатите од нејзиното тестирање се негативни, што значи дека посетителката не е заразена со птичјиот грип.

Имено, директорката на институтот Марија Андоновска вели дека вознемиреноста и побарувањата за тестирање од страна на луѓето кога е во прашање птичјиот грип е сосема нормална, но таа очекува резултатите од оние кои ќе бидат тестирани да се негативни. 

Инаку, епидемиолозите смируваат да не се шири паника меѓу луѓето бидејќи, како што велат тие ризикот од пренесување на птичјиот грип од животно на човек е скоро невозможно. Тие исто така апелираат граѓаните да вршат добра термичка обработка на храната, а посебно на месото особено на пилешкото.


#Македонија

Коментари

Популарни постови са овог блога

Јовчески: Новата прилепска катна гаража се очекува во употреба да се пушти за три недели

Автобускиот градски превоз во Прилеп со изменет возен режим

(Видео) Публиката на втората фестивалска вечер уживаше во настапот на Таско, Огнен Здравковски, Суперхикс и Том Нови