КУД„Пере Тошев“ со концерт во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп
Во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп концерт ќе одржи КУД„Пере Тошев“...
КУД„Пере Тошев“ во сабота на 19.10.2024 година со почеток од 19 часот во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп ќе одржи концерт. Гости на концертот од КУД„Пере Тошев“ се женскиот камерен хор „Керамија“ и КУД„Мирче Ацев“.
КУД „ Пере Тошев “ Прилеп е формиран на 5 мај 1987 година и тоа во две секции Пејачки состав на просветните работници од Општина Прилеп и Реацитаторска група
Со текот на времето пејачката група се проширува со нови членови , вљубеници на хорското пеење , прераснува во хор и се регистрира како културно – уметничко друштво кое негува богат музички репертоар , хармонизирани македонски староградски народни песни , ренесансни песни како и хорски композиции од различни музички автори.
Во текот на своето триесет и пет годишно постоење , хорот има изведено голем број на настапи , учествува на разни музички манифестации во земјава и во странство , одбележува разни настани и датуми од поблиското и подалечниото историско минато на Општина Прилеп.
Има добиено бројни награди и признанија меѓу кои и Трето ноемвриската награда што ја доделува Општина Прилеп, а истата КУД„Пере Тошев“ ја доби во 2013 година.
#Култура
Коментари
Постави коментар