По две години стартува изградбата на делницата Гостивар-Букојчани

Конзорциумот „Бехтел и Енка“ по две години ја стартува изградбата на делницата Гостивар-Букојчани...

Од денес американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ ја започа изградбата на делницита Гостивар-Букојчани-Кичево, а како што велат од конзорциумот тоа е натешката градежна траса од познатиот коридор 8. Како што велат од таму со изградбата на оваа делница од Скопје до Охрид ќе се патува за околу час и половина.

Имено, македонскиот премиер Христијан Мицкоски со повеќе владини претсавници, со министерот за транспорт и врски Александар Николоски, со директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски  и со амбасадорката на САД, Анџела Агелер извршија увид на градежните активности за изградбата на оваа сообраќајна делница од коридорот 8. 

Македонскиот министер за транспорт и врски за медиумите изјави дека решиле да работат, дека не барале изговори и упати благодарност до сите кои биле засегнати со овој проект, а додека пак директорот на Јавното претпријатие за државни патишта и поранешен скопски градоначалник, Коце Трајановски за медиумите рече дека очекува процесот на целосната експропијација да заврши до Нова година.

Инаку, од американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ за медиумите велат дека делницата е од голема важност за сите учесници во сообраќајот, а посебно е важна за домашните работници. Оваа делница која што води од Гостивар до Букојчани е една од четирите делници кои треба да бидат изградени во наредниве неколку години, а како што рекоа истата треба да биде изградена за околу четири години. Целиот проект за изградбата на оваа делница чини една милијарда и триста илјади евра, велат од конзорциумот.


#Македонија


Коментари

Популарни постови са овог блога

Јовчески: Новата прилепска катна гаража се очекува во употреба да се пушти за три недели

Автобускиот градски превоз во Прилеп со изменет возен режим

(Видео) Публиката на втората фестивалска вечер уживаше во настапот на Таско, Огнен Здравковски, Суперхикс и Том Нови