Известување од црковните храмови во Прилеп со распоред за прережување на лепчињата по повод претстојната слава Петковден
Лепчињата ќе се прережуваат во црковните храмови низ целиот град...
По повод претстојната слава Петковден која што годинава е на 26 и 27.10.2024 година (сабота и недела) од црковните храмови излегоа со соопштение во кое што се наведени термините за прережување (кревање) на лепчињата.
На 26.10.2024 година (сабота) лепчињата во црковниот храм св.Благовештение (стара црква) ќе се прережуваат од 07:00 до 17:00 часот, во храмот св.Преображение лепчињата ќе се прережуваат од 15:30 до 17:00 часот, во храмот св.Пантелејмон (болница) лепчињата ќе се прережуваат од 11:00 до 13:00 часот и во црквата св.Константин и Елена (типски) лепчињата ќе се прережуваат од 11:00 до 13:00 часот, а на 27.10.2024 година (недела) лепчињата во храмот св.Благовештение ќе се прережуваат веднаш по завршувањето на утринската богослужба, се вели во соопштението од црковниот храм св.Благовештение.
Инаку, со соопштение за прережување на лепчињата за претстојната слава Петковден излегоа и од црковниот храм св.Кирил и Методиј(Параклис).
На 26.10.2024 година (сабота) во храмот св.Кирил и Методиј (параклис) и во храмот св.Петка (точила) лепчиеата ќе се прережуваат од 07:00 до 17:30 часот, а на 27.10.2024 година (недела) лепчињата ќе се прережуваат веднаш по завршуваето на утринската богослжба, се вели во соопштението од црковниот храм св.Кирил и Методиј.
#Локално
Коментари
Постави коментар