По неделен возен ред утре ќе сообраќа јавниот градски превоз во Скопје

Утре јавниот градскиот превоз во Скопје ќе сообраќа по неделен возен ред...

Поради утрешниот државен празник-денот на македонската револуционерна борба, автобусите од скопскиот  јавниот градски превоз ќе сообраќаат (возат) по вонредна неделна линија, велат од ЈСП Скопје.

Имено, од ЈСП додаваат дека билетарниците и центрите за персонализација  ќе бидат дежурни и ќе работат од 08:00 до 14:00 часот, а истите се со локација на Транспортен центар, Ѓорче Петров и на Зелен Пазар.

Инаку, скопската жичара на Водно ќе функционира вообичаено со работно време од 10:00 до 18:00 часот, што значи дека од 17:00 до 17:30 часот е последното вознење од долу до врвот, а во 17:45 часот е последното возење од врвот до долу.


#Македонија

Коментари

Популарни постови са овог блога

Видевска: Задоволна сум од уписот на ученици во СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп

Од „Пушти коси“ до „ И тебе сам сит кафано“ синоќа на Пиво фестивалот во Прилеп

Прилеп со 8 милиони евра ќе инвеститра нови развојни програми