Во ООУ„Кире Гаврилоски-Јане“-Прилеп утре ќе се одржи есенски панаѓур за здрава храна

Есенски панаѓур ќе се одржи утре во ООУ„Кире Гаврилоски-Јане“-Прилеп...

Есенски панаѓур за здрава храна ќе се одржи утре во ООУ„Кире Гаврилоски-Јане“-Прилеп. Панаѓурот е со почеток од 11:30 часот и ќе се одвива во самото училиште. 

Имено, од училиштето велат дека целта на панаѓурот е да се развие свеста кај учениците и возрасните за конзумирањето на здрава храна.

„Целта на овој панаѓур е да се развие свеста кај учениците и возрасните за значењето и влијанието од конзумирање на природна и здрава храна врз целокупниот физички и психички развој, а која нашето поднебје ја има во изобилие. Драги родители баби и дедовци ве очекуваме!’’-велат од училиштето.

Инаку, есенскиот панаѓур посветен на здрава храна во ООУ„Кире Гаврилоски-Јане“-Прилеп се реализира повеќе години, а мотото на овогодишниот панаѓур е „Избери здраво, живеј силно“.


#Образование

Коментари

Популарни постови са овог блога

Видевска: Задоволна сум од уписот на ученици во СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп

Новогодишен базар во Прилеп од 24 до 31 декември

Ново во Прилеп: Fast Food Bla Bla – вкус кој ќе се памети!