Нова повисока цена на дел од горивата од полноќ
РКЕ донесе одлука за зголемување на цената на горивата од полноќ...
Регулаторната Комисија за Енергетика денеска донесе одлука со која што се врши зголемување на цените на нафтените деривати. Цените на безините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менува и останува иста односно бензините ќе се продаваат по 77 и 79 денари за литар.
Имено, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д Е В) се зголемува за 0,50 денари за литар и истата од полноќ ќе се продава по 69 денари за литар. Со денешната одлука на РКЕ се зголемува и цената на екстралесното масло за домаќинство и тоа за 1 денар за литар и од ноќеска на полноќ истото ќе се продава по 69 денари за литар, а додека пак цената на МАЗУТОТ М1-НС не се менува и истиот ќе се продава по цена од 42,6 денари за килограм.
#Економија
Коментари
Постави коментар