Претставата „Види летам“ утре во НТ„Војдан Чернодрински“-Прилеп

 Утре во НТ„Војдан Чернодрински“-Прилеп ќе биде изведена претставата „Види летам“...

Претстава насловена како „Види летам“ ќе биде изведена утре во НТ„Војдан Чернодрински“ -Прилеп со почеток од 20 часот. Влезот за претставата е слободен.

„Види, летам!“ е претстава која е правена по вистински приказни на лица бегалци, баратели на азил и лица без државјанство.Овие луѓе на посебни работилници водени од тимот на претставата, храбро ги споделија своите животни искуства со актерите, авторот и режисерот. 

Имено, автор на претставата е Ана Трпеноска, режисер е Ивана Ангеловска, а додека пак уметнички координатор е Нела Витошевиќ. Во претсавата ликовите ги толкуваат актерите Сара Спиркоска, Никола Настоски, Исмет Шабановиќ, Ана Димитрова и Леонардо Лазов. Претсавата е поддржана во рамки на партнерството на Младинскиот образовен форум (МОФ) и УНХЦР, Агенцијата на Обединетите Нации за бегалци, „Види, летам“ на Вондерленд Театар се обидува да ја поттикне емпатијата со бегалците и лицата без државјанство. Со доближување на овие важни човечки приказни, продукцијата има за цел да поттикне подлабоко разбирање и поврзување во нашата заедница.

Инаку, театарот Вондерленд е независна театарска продукција со седиште во Скопје. Главните цели на продукцијата е поткревање на свеста за потребата од културна и општествена промена, како и внесување свежина на независната уметничка сцена, експериментирајќи со алтернативни места и виртуелен простор.
Сепак, бескрајните можности за истражување и преиспитување на театарот се земјата на чудата пред нас што чека да биде откриена.

Влезот за претсавата „Види летам“ што ќе се одигра утре во НТ„Војдан Чернодрински“-Прилеп е слободен.


#Култура

Коментари

Популарни постови са овог блога

Ученици од здравствената струка при СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп мереа шеќер во крвта, крвен притисок и витаминско-минерален статус (фото)

Реновирале стан и целиот отпад го оставиле во парк во Прилеп

Лишени 12 лица од слобода во Прилеп