„Прилеп Фолк Фест“ по деветти пат во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп

Прилепски „Фолк Фест“ по деветти пат ќе се одржи во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп...

Добропознатиот прилепски фестивал на народни фолк рефрени „Фолк Фест“ годинава ќе се одржи по деветти пат. Терминот за одржувањето на истиот е на 1.11.2024 година (петок) со почеток од 19:30 часот и истиот ќе се одржува во големата сала при НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп.

На овогодишното издание на прилепски „Фолк Фест 2024“ ќе настапат Наум Петрески и Зуица Лазова, а со  нив на сцената ќе настапи и нивниот син Стефан, потоа свој настап на фестивалот ќе имаат Анета Љумаковска, Перо Христов, Спасен Сиљаноски, Елена Велеска, Татјана Стефановска, Елена Велеска, Чеде Спасиќ, Дамјан Димевски, Адријана Ацеска-Кеш, Стојне Николова, Бојан Палиќ, Ташко Каранфиловски, Лилија Семкова, Сања Цинцева, Суад Усеин-Цуле, Вукица Челебиева, Жаклина Маркоски и Група Фортуна.

Имено, фестивалот на фолк рефрени „Прилеп Фолк Фест“ годинава ќе се одржи по деветти пат, а покровител на истиот е Општина Прилеп. Генерален спонзор на фестивалот е „ДЕ-НИ“ мебел, а додека пак за медиумски покровител на фестивалот како и минатата година така и оваа се јавува Македонската Радио Телевизија.


#Шоубиз

Коментари

Популарни постови са овог блога

Ученици од здравствената струка при СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп мереа шеќер во крвта, крвен притисок и витаминско-минерален статус (фото)

Реновирале стан и целиот отпад го оставиле во парк во Прилеп

Лишени 12 лица од слобода во Прилеп