Во угостителски објект во Прилеп влезено на сила и е подметнат пожар

 Две лица насилно влегле во угостителскиот објект и подметнале пожар...

Синоќа околу 2:00 часот по полноќ во СВР-Битола ОВР-Прилеп било пријавено дека две лица насилно влегле во угостителски објект при што со лесно запалива течност предизвикале пожар. Во пожарот оштетени биле ѕидовите и дел од инвентарот, а за среќа повредени лица нема. Угостителскиот објект се наоѓа на улицата „Архиепископ Доситеј“.

Пожарот за кратко време бил локализиран и изгаснат од страна на професионални лица од Територијалната против пожарна единица од Прилеп. За настанот известен бил јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот против двете лица ќе следува соодветен поднесок.


#Локално

Коментари

Популарни постови са овог блога

Видевска: Задоволна сум од уписот на ученици во СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп

Од „Пушти коси“ до „ И тебе сам сит кафано“ синоќа на Пиво фестивалот во Прилеп

Прилеп со 8 милиони евра ќе инвеститра нови развојни програми