Со импровизираниот напад на участакот, огномет и пригодна културно уметничка програма Прилеп вечерва го одбележа денот на македонското народно востание
Централната манифестација се одржа на Камената бина во центарот на Прилеп...
Со отворањето на изложбата на дела од Владимир Лукаш во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп започна чествувањето т.е „централната манифестација“ по повод денот на народното македонско востание 11 октомври во Прилеп.
Централната манифестација како и изминативе години така и годинава се одржа на камената бина во центарот на Прилеп. Пригодната забавна и културно-уметничка програма започна во 19:00 часот со концертниот настап на КУД„Пере Тошев“, а членовите на истото отпеаа македонски изворни песни со патриотски мотиви и на крај ја интонираа македонската химна. Веднаш по завршувањето на настапот на КУД„Пере Тошев“ свој поздравен говор пред присутните одржа градончалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески.
Имено, Јовчески во својот поздравен говор рече дека македонскиот народ ја платил цената со многу големи жртви, а за него како градоначалник е огромна чест и одговорност да го води Прилеп.
„Почитувани гости и претсавици на институциите. Честит нека ни е 11 октомври, денот на народното востание на Република Македонија. Осумдесет и три години од почетокот на народната борба за слобода Прилеп градот херој, градот каде што одекна првата пушка против фашистичкиот окупатор, повторно стои како симбол на непокорот, храброста и борбата за слобода. Единаесетти октомври е денот кога ја славиме нашата историја, нашите херој и нашата победа, победа која не само што означи крај на фашистичката окупација туку и ги постави темелите на слободна и независна Македонија. Денеска додека стоиме овде го славиме нивното херојство но и нашата обврска, да продолжиме со нивниот дух. Македонскиот народ ја платил цената за слободата со многу големи жртви, а тоа не е само дел од минатото тое е и одговорност за сегашноста и за иднината. Нашата битка за заштита на македонскиот идентитет, нашиот јазик и нашата култура не е завршено. Во овие времиња кога нашето постоење се доведува во прашање должни сме да останеме сплотени и одлучн. Затооа почитувани сограѓани денеска додека ги славиме хероите на минатото да се потсетиме дека и ние сме дел од оваа историја.Секој од нас има своја улога во изградбата на иднината на Прилеп и на нашата Македоија, а за мене како градоначалник на Општина Прилеп е огромна чест и одговорност да го водам овој град херој, но оваа чест носи и обврска да продолжиме да работме на напредокот и просперитетот на нашиот град. Ветените проекти ги реализираме заедно со вас и со вашата поддршка мои сограѓани. Прилеп заслужува да биде град на иднината, град на успеси и можности за секого. Во овој дух го повикувам секој од вас да учевствува во заедничкото создавање на иднината на Прилеп. Зедно можеме да го направиме нашиот град повторно еден од најубавите и најпросперитетните градови во Македонија. Драги мои прилепчани нашето минато не учи дека единствено преку соработка, сплотеност и решителност можеме да постигнеме големи дела. Нека нашата историја ни биде поттик да продолжиме да создаваме нови победи и тоа победа за нас, за нашите деца и за идните генерации. Да ни е вековит единаесетти октомври, да живее Прилеп и да живее Република Македонија.“-рече прилескиот градоначалник Борче Јовчески, во неговиот поздравен говор пред присутните на централната манифестација во центарот на Прилеп.
Веднаш по свеченото обраќање на градоначалникот Јовчески се случи и импровизираниот напад на учасаткот односно на поранешната бугарска полиција во центарот на Прилеп, а по импровизираниот напад на участакот следуваше и традиционалниот огномет.
Инаку, централната манифестација заврши со концертен настап на групата „No Cigarettes“, а на истата присутни беа прилепските пратеници, градоначалникот на Прилеп и претседателот на советот на Општина Прилеп.
Чествувањта за 11 октомври во Прилеп продолжуваат и утре со положување свежи цвеќиња пред спомениците на Методија Андонов-Ченто, Кузамн Јосифовски-Питу и могилата на непобедените, крводарителската акција која ќе се одвива во просториите на црвениот крст во Прилеп и со автомобилското шоу кое што ќе се одржи на булеварот „Гоце Делчев“ во прилепското централно подрачје.
#Локално



Коментари
Постави коментар