Утре е ден на жалост во Општина Прилеп
Ден на жалост е прогласен на територијата на Општина Прилеп...
Поради стравичната сообраќајна несерќа што се случила утринава нешто пред 8:00 часот на автопатот Прилеп-Битола кај селото Лагово, а во која загинаа Александар Ристески, специјалист по радилогија, Никола Василески, гинеколог и Фанче Јованоска, радиолошки технолог кој долги години беа дел од медицинскиот персонал на приватната болница „Плодност“-Битола.
Имено, утрешниот ден на жалост е прогласен на вонредна седница за прогласување ден на жалост во Прилеп. Оваа одлука беше донесена од страна на Советот на Општина Прилеп и нејзиниот претседател, а истата се одржа во 18 часот.
Градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески на социјалните мрежи изрази сочувство до семејствата на загинатите.
„Како градоначалник, лекар, но пред се како човек, со огромна тага и со неверување ја примив веста, за сообраќајна несреќа која утринава се случи на патниот правец Прилеп-Битола , каде животот го загубија тројца наши сограѓани, врвен стручен лекарски тим, за кои сите ние вечно ќе жалиме. Тоа беа мои колеги, мои сограѓани со кои се сретнував низ работата и секојдневието. Тоа беа почитувани луѓе за кои сеуште сум во неверување дека повеќе ги нема…Прилеп и Македонија изгуби врвни лекари специјалисти, еминетни и почитувани луѓе, посветени и одговорни граѓани, кои спасувале илјадници човечки животи и помагале на многу луѓе со својата специјалност, но ги загубија животите, патувајќи токму, на своите работни места во Битола за да им помогнат на други луѓе. Прилеп вечно ќе се сеќава на Прим. д-р Александар Ристески, спец. радиолог, д-р Никола Василески гинеколог и Фанче Јованоска радиолошкиот технолог, кои ќе бидат вечна наша тага и непребол.Во оваа прилика сакам да изразам сочуство до семејствата за нивната огромна загуба и болка!“-пишува Јовчески на фејзбук.
Имено, Јовчески на социјалните мрежи вели дека сите културни и спортски манифестации кои се предвидени за утрешниот ден во Прилеп се откажуваат.
„Утре се откажуваат сите културни и спортски манифестации во општината, а знамињата пред општинската зграда и македонското знаме на влезовите од градот и на јарболот во центарот на градот ќе бидат поставени на половина копје.Општина Прилеп апелира до сите општествени чинители да ги одложат сите јавни и приватни прослави, забави, културно-уметнички и спортски настани, партиски и друг тип на промоции предвидени за утре, а угостителските објекти и локалните радиодифузери да ја прилагодат музиката според одлуката.“-додава Јовчески
Инаку, во старвичната сообраќајна несреќа што се случи утринава кај прилепско Лагово се судрија автомобил „Тојота“ со прилепски регистарски ознаки, а во него биле сместени медицинските лица и товарен камион со битолски регистарски ознаки.
#Локално
Коментари
Постави коментар