Хуманитарната трка „Трчаме 5-ка за Никодим“ се одржа вечерва во Прилеп
„Трчаме 5-ка за Никодим“ хуманитарна трка во Прилеп...
Вечерва со почеток од 19:00 часот со старт од „пред реклами“ се одржа хуманитарната трка „Трчаме 5-ка за Никодим“. Стартните броеви на учесниците се подигнуваа од 17:00 до 19:00 часот пред камена бина во центарот на Прилеп и истите имаа котизациона вредност од 200 денари.
На трката присутен беше и прилепскиот градоначалник Борче Јовчески, кој рече дека навистина му е задоволство кога ги гледа прилепчани на гест на солидарност и дека знае дека средтсвата собрани од стартните броеви му се неопходни на семејството на Никодим за неговото лекување.
„Почитувани сограѓани, навистина ми е задоволство да ве видам да покажете ваков гест на солидарност. Знам дека многу ќе му се помогне во овој момент кога овие средства му се неопходни на малиот Никодим. Трката без разлика што е ноќна ги опфаќа од најмалите до најстарите, најважно е да стигнеме до целта, а со ова покажуваме дека Прилеп е град на солидарноста. Секаде онаму каде што треба да покажеме и да докажеме дека се соживуваме со нашите сограѓани на било кој начин, а посебно на ваков спортски начин докажуваме дека хуманоста е најважна во нашиот град. Ви посакувам среќен старт и завршеток“-вели прилепскиот градоначалник Јовчески.
Пред стартот на трката поздравен говор имаше и претседателот на советот на Општина прилеп, Ирена Стерјовска-Локвенец која рече дека Прилеп со низа настани го просалвува денот на неговото ослободување 3-ти ноември и дека знае дека сите со нетрпение го очекуваат стартот на трката, а прилепчани уште еднаш ја покажале хуманоста трчајќи низ градските улици.
„Прилеп го слави денот на солободувањето 3-ти ноември, славиме 80 години со љубов за Прилеп, имавме богата три дневна програма, програма која што содржеше настан за најмладите, музички фестивал и културно-уметнички настани, изложби, а еве денеска сме пред стартот на оваа ноќна рекреативна трка. Знам дека сите вие со нетрпение го очекувате стартот на оваа трка. Трката ја нарековме „5-ка за Никодим“ , а прилепчани уште еднаш имаат можност да ја покажат својата хуманост трчајќи низ градските улици, да помогнат со својата котизација за лекувањето на малиот Никодим.“-вели претседателот на советот на Општина Прилеп, Стерјовска-Локвенец.
Имено, стартот на трката беше пред рекалми на булеварот „Гоце Делчев’’ се трчаше до кружниот тек кај поранешен хотел „Липа“ , потоа се вртеше лево и се трчеше по улица „Димо Нредникот“ потоа тркачите продолжуваа кон и по кејот „9-ти септември“ по кејот се трчаше до мостот „Табана“ каде што се вртеше лево и со трчање се продолжуваше до кружниот тек „Карпалак“ (кружен тек кај тринаесеткатница) и со трчање се продолжуваше до стартниотфиниш на булеварот „Гоце Делчев’’. Должината на патеката за трчање е 2,5 километри, а на трката се трчаа два круга што значи дека натпреварувачите трчаа 5 километри. Во работата на дежурните сообраќајни единици од ОВР Прилеп им помагаа ученици практиканти од сообраќајната струка при СОУ„Ристе Ристески-Ричко”-Прилеп под менторство на професор Виолета Ржаникоска-Секулоска.
Инаку, како што рекоа организаторите на трката нема победник, победници се сите, а најголем победник е Никодим.
Дежурната екипа на ИНФО-ПРИЛЕП на учесниците им посака среќа, а на малиот Никодим му посакува здарвје, среќа како и брзо и лесно лекување.
#Култура
Коментари
Постави коментар