Во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп отворена е годишната изложба на Друштвото на ликовни уметници-Прилеп
Отворна е годишната изложба на Друштвото на ликовни уметници-Прилеп...
Во ликовната галерија при НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп отворена е годишната изложба на Друштвото на ликовни уметници-Прилеп. Изложбата беше отворена вечерва со почеток од 18:30 часот, а на истата присутни беа уметниците кои се членови на Друштвото на ликовни уметници-Прилеп, прилепскиот градоначалник Борче Јовчески, претседателот на советот на Општина Прилеп, Ирена Стерјовска-Локвенец, директорот на НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп, Марија Попова-Јованоска и многу љубители на уметноста кој беа присутни на отворањето на изложбата.
Претседателот на Друштвото на ликовни уметници-Прилеп и уметник Методи Исков на отворањето на изложбата рече дека изложбата е годишна и дека 16 уметници се претставуваат на изложбата, а исто така тој ја додели и наградата за најдобро оставерно дело по традиционалната годишна изложба на ДЛУП која му припадна на уметникот Емил Солески, но од оправдани причини тој не беше присутен на изложбата, а неговата награда ја прими неговиот син.
„Најпрво ќе се заблагодарам на Општина Прилеп, Министерството за култура и туризам на Република Македонија, установата „Марко Цепенков“ која што ни овозможува да ги оствариме овие наши годишни традиционални изложби. Оваа изложба е годишна каде што моментално 16 уметници се претставуваат со своите уметнички дела, каде што во текот на цела година креираа и создаваа свои уметнички дела со свои материјали. Тука се претставени повеќе слики, скулптури, мултимедијални дела. Јас би сакал за прв пат оваа година да ја доделиме наградата за остварено дело на оваа изложба на уметникот Емил Солески, награда за најдобро оставерно дело по традиционалната годишна изложба на Друштвото на ликовни уметници-Прилеп.“-вели претседателот на друштвото Исков.
Имено, на изложбата со свои дела се претставија уметниците Елена Димоска-Николоски, Филип Перески, Кирил Гегоски, Дарко Талески, Марјан Стојаноски, Стефан Анчевски, Филип Јовески, Маја Ралева-Миладиноска, Методи Исков, Даниел Атанасоски, Александра Богоеска, Марта Макеска и Славчо Павлески.
Инаку, оваа изложба е дел од низата настани која е во овогодишната прогарама за работа на НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп, а установата месецов прославува 45 години од своето постоење и работење.
#Култура
Коментари
Постави коментар