Вечер на аргентинска музика се одржа во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп

Концерт на аргентинска музика се одржа во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп...

Во фоајето од НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп се одржа концерт односно вечер на аргентинска музика. Концертот се одржа синоќа со почеток од 20:30 часот, а на истиот имаше голем број присутни љубители на „музичката култура“.

Имено, на концертот настап зедоа Филип Петрески на хармоника, Марија Јанчулеска на виолина, Александра Чуруковска на контрабас и Тамара Коминовска на пијано.  На програмата на синоќешната вечер на аргентинска музика беа изведени дела од Пијацола, Вилолдо, Гардел, Канаро, Галиано и други. Филип, Тамара, Марија и Александра на публиката им приредија вечер за паметење, а публиката ги наградуваше со долг аплауз и пофални зборови.

Инаку, синоќешната вечер на аргентинска музика е поддржана од Министерството за култура на Република Северна Македонија, а е дел од низата настани кој се овогодишната програма за работа на НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп кој пак годинава просалвува 45 години од своето основање и постоење. Во склоп на Цепенков работи и прилепскиот Народен Театар „Војдан Чернодрински’’.


#Култура

Коментари

Популарни постови са овог блога

Јовчески: Новата прилепска катна гаража се очекува во употреба да се пушти за три недели

Автобускиот градски превоз во Прилеп со изменет возен режим

(Видео) Публиката на втората фестивалска вечер уживаше во настапот на Таско, Огнен Здравковски, Суперхикс и Том Нови