Концерт „Од колено на колено“ ќе се одржи во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп

Концерт „Од колено на колено“ ќе се одржи во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп...

Целовечерен промотивен концерт со наслов „Од колено на колено“ од композиторот, аранжер и инструменталист Александар Јовевски ќе се одржи во фоајето при НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп. Концертот е закажан за 12.11.2024 година (вторник) со почеток од 20:00 часот.

Имено, Јовевски е лидер во етно составот Монистра и е дел од речиси сите етно проекти кои се организираат во државава. Концертот на Јовевски во Прилеп е поддржан од Министерството за култура на Република Севера Македонија. 

Инаку, „Од колено на колено“ е нов музички етно проект т.е албум на Јовевски, а во неговата база е македонскиот етно фолклор, традиција и идентитет. Концертот на Јовевски во Прилеп е проект кој е од национален интерес за Република Северна Македонија.  Во составот на проектот има повеќе професионална музичари, а се застапени народните инструменти како кавал, тамбура, канон, женски вокали и сето тоа е збогатено со клавјатури. 

На носачот „Од колено на колено“ се застапени четири обработки на стари изворни македонски песни како што се „Бај Никола“ , „Изникнало криво крувче“ , „Сношти го виодв мамо убавото Стојне“ , „Стана болна легна“ и други македонски изворни и народни песни. 

Александар Јовевски исто така има свои шест авторски песни кои се творени во духот на македонската традиција и со нов музички извраз како што се песните „Тамбурски вез’’ , „Кавал гали“ , „Игра на инструментите“ , „Длаболина“ , „ЈовАнина“ и „Александров танц“.

Влезот за концертот на Јовевски што ќе се одржи во фоајето од НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп на 12.11.2024 година со почеток од 20:00 часот е слободен.


#Култура

Коментари

Популарни постови са овог блога

Ученици од здравствената струка при СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп мереа шеќер во крвта, крвен притисок и витаминско-минерален статус (фото)

Реновирале стан и целиот отпад го оставиле во парк во Прилеп

Лишени 12 лица од слобода во Прилеп