Претстава „Стапица за глувци“ во НТ„Војдан Чернодрински“-Прилеп

Во НТ„Војдан Чернодрински“ ќе се одигра претставата „Стапица за глувци“...

Во Народниот Тетатар „Војдан Чернодрински“-Прилеп ќе се одигра претставата „Стапица за глувци“. Втората премиера на претставата е закажана за утре 11.11.2024 година (понеделник) со почеток од 19:30 часот.

Имено, претставата е работена според приказната на Агата Кристи. Режијата за претставата е на Борис Василески, Лидија Митоска-Ѓорѓиевска е превод и драматург, сценографијата и дизајнот на светлото се на Мартин Манев, Марта Дојчиновска е одговаорна за костимографијата, музиката за претставата е на Томе Темелкоски, а додека пак дизајнот на плакат е на Илина Всилеска.

Улогите во претставата „Стапица за глувци’’ ги толкуваат Сара Спиркоска, Илија Волчески, Дарко Карбески, Марија Спиркоска-Илијеска, Александар Тодески, Даниела Иваноска, Михајло Миленкоски и Димитар Ѓеоргиевски.

Инспициент на претставата е Елена Иваноска, Лилјана Батлески е суфлер, Ристе Гркоски е светло мајстор, сликар исполнител е Пеце Ристески, Гоце Тодороски е реквизитер, гардеробер е Снежана Ѓорѓиеска, фризер и перикер е Даринка Богоеска, а додека пак Сашо Смоковски, Роберт Стојкоски, Владимир Владимироски и Јане Јанкулоски се декоратери.

Инаку, пред нас е постевн предизвик за да се обидеме да откриеме кој е убиецот и да дозанеме дали нашите почетни сомнежи биле точни. Можеби на крајот и самите ќе се изненадиме, кој знае? Но сепак, гледајте ја втората премиера на претставата „Стапица за глувци“ и откријте самите.


#Култура

Коментари

Популарни постови са овог блога

Ученици од здравствената струка при СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп мереа шеќер во крвта, крвен притисок и витаминско-минерален статус (фото)

Реновирале стан и целиот отпад го оставиле во парк во Прилеп

Лишени 12 лица од слобода во Прилеп