Проектот „Македонијо во срце те ноиме“ со концерт во Македонската Филхармонија
„Македонијо во срце те носиме’’ со концерт во големата сала од Македонската Филхармонија....
Добро познатиот македонски музички проект „Македонијо во срце те носиме“ кој што е под организациона палка на „Скендеровски продукција’’ ќе го одржи својот музички концерт во Македонската Филхармонија. Датумот и местото на одржување се веќе познати, а тоа се 7.12.2024 година (сабота) од 20:00 часот.
Имено, овој проект се занимава со преработка на стари македонски и скоро заборавени песни со патриотски мотиви како што се „Заветна“ „Ој вардаре македонски“ , „Земјо македонска“ , „Болен ми лежи Миле Поп Јорданов“ , „ Едно име имаме“ , „Оган да го гори“ и други, а тие се препеани од убавите гласови на Бојана Скендеровски, Ламбе Алабаковски, Наум Петрески, Огнен Здравковски, Зуица Лазова, Александар Тарабунов, Миле Кузмановски, групата ДНК, Андријана Јаневска, Игор Џамбазов, Марија Спасовска, Мина Блажев и Сузана Спасовска.
Инаку, на концертот пејачите ќе ги придружува големиот симфониски орекстар на филхармонија под диригентска палка на Сашо Татарчевски, а додека пак оркестрациите се на Никола Мицевски, а на истиот ќе се изведат уште нови три преаботки на песни. Влезниците се веќе пуштени во продажба преку продажната мрежа на www.kupikarta.com, a истите можат да се обезбедат и на телефонскиот број 075/507-455. Средставата што ќе бидат собрани од влезниците за претстојниот концерт од проектот „Македонијо во срце те носиме“ ќе бидат дониари во хуманитарни цели, велат од продукцијата.
#Естрада
Коментари
Постави коментар