Дамјан Ристески: Каратето ми е професија која сакам да ја работам со големо задоволство

Дамјан Ристески од прилепскиот клуб за карате „Бонсаи“ ги положи тестовите и сега е балкаснки судија за карате...

Дамјан Ристески 27 годишен каратист и карате инструктор  во втор дан од карате клубот „Бонсаи“ од Прилеп положи за балкански судија на натпревар кој се одржа во Сараево, Босна и Херцеговина.  Натпреварот се одржа од 8.11.2024 до 10.11.2024 година, а Ристески положи тестови за две дисциплини кати и борби. 

Имено, Ристески во интервјуто кое што го даде за нашиот портал ИНФО-ПРИЛЕП вели дека е презадоволен од резултатот и дека тој судел сите три дена на натпреварот на натпреварувачи од балканот и дека сите тестови ги поминал солидно. Ристески во интервјуто додава дека ова за него е едно големо достигнување како карате судија но и во неговиот приватен живот. Натпреварот во Сараево беше за кадети, јуниори и јуниорки до 21 година.

Дамјан Ристески карате судија и карате тренер

Во продолжение читајте го целосното интервју на Дамјан Ристески кој го даде за ИНФО-ПРИЛЕП.

Инфо Прилеп: Од каде желбата за учество на натпреварот по карате во дисплините кати и борби во Сараево, Босна и Хергеговина?

Дамјан Ристески:.  Желбата ја имав уште од пред неколку години, најпрво положив за државен судија во 2017, и најголема цел во моите 20ти години ми беше да станам балкански судија во карате.

Инфо Прилеп: Како се одвиваше натпреварот?

Дамјан Ристески:Натпреварот се одвиваше три дена, ние бевме таму претходно еден ден полагавме теорија, а потоа судевме сите три дена од 9:00 часот наутро па скоро до вечерните часови.

Инфо Прилеп: На каков начин постигна положување на балкански судија во кати и борби?

Дамјан Ристески: Четвртокот ни беше теорискиот дел во кати и борби, односно тоа беа прашања кои ги одговаравме, а потоа следеше и видео практичен тест во кати, да оцениме двајца каратисти кој е подобар. Другите денови практичниот дел не оценуваа какви оцени даваме во кати, а за борби дали брзо реагираме со знамиња за давање и како главен судија во еден меч, ги оценуваа нашите гестикулации како ги даваме на натпреварувачите.Тоа го поминавме солидно и во саботата навечер ни ги доделија нашите лиценци за балкански судии.

Инфо Прилеп: Дамјан велиш дека ова за тебе е едно големо достигнување како карате судија но и во приватниот живот, ајде нешто повеќе за ова!

Дамјан Ристески:Да, беше големо искуство за мене, поради големиот број на натпреварувачи. Да се суди на таков настан е солидно, големо искуство за мене во судската карате кариера и животот и се надевам понатаму ќе судам на вакви големи карате настани.

Инфо Прилеп:Од каде ти е желбата за тренирање и професија да ти биде баш каратето?

Дамјан Ристески: Каратето ми е професија која ја сакам да ја работам  со големо задоволство, посебно ми е драго да ги учам помладите каратисти на вистински вредности кои го дава каратето, а желбата ја имам уште од мали нозе. Во оваа вештина сум 21 година, претходно како натпреварувач, а сега како карате инструктор ( втор дан) и балкански судија.Сеуште сакам и ќе продолжам да ја работам оваа професија и во иднина.


Екипата на ИНФО-ПРИЛЕП на Дамјан му посакува успеси како на приватен план така и на професионален карате план.


#Спорт

Коментари

Популарни постови са овог блога

Јовчески: Новата прилепска катна гаража се очекува во употреба да се пушти за три недели

Автобускиот градски превоз во Прилеп со изменет возен режим

(Видео) Публиката на втората фестивалска вечер уживаше во настапот на Таско, Огнен Здравковски, Суперхикс и Том Нови