Почина митрополитот дебарско-кичевски и автралиско сиднејски, господин Тимотеј

Почина господинот Тимотеј...

По кратко боледување на 73-годишна возраст денеска почина митрополитот дебасрко-кичевски и австралиско сиднејски господинот Тимотеј. 

Господинот Тимотеј е роден во Младо Нагоричане во благородничко семејство. Негови родители биле Александар и Љуба Јовановски кој што од раните детски години својот син Славе го учеле за христијанската вера. 

Имено, господинот Тимотеј основното училиште го завршил во родното место, а потоа се запишал како редовен ученик на православната македонска богословија „Свети Климент Охридски“, а дипломирал на Богословскиот факултет во Берлин. По дипломирањето во Берлин тој запишал и постдипломски студии на Понтификалниот ориентален институт во Рим каде што магистрилал со трудот „Култот на Пресвета Богородица во Охрид и охридско“ .

Во 1981 година е хиротонисан за архијереј на Македонската Православна Црква и е назначен за австралиски митрополит при што му била доделена Дебарско-кичевската епархија со седиште во Охрид.Владиката Тимотеј својата должност ја вршеше мудро, непоколебливо и со многу љубов. 

Благодарение на господинот Тимотеј Дебарско-кичевската епрхија стана една од водечките епрахии на Македонската Православна Црква.


#Македонија

Коментари

Популарни постови са овог блога

Ученици од здравствената струка при СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп мереа шеќер во крвта, крвен притисок и витаминско-минерален статус (фото)

Реновирале стан и целиот отпад го оставиле во парк во Прилеп

Лишени 12 лица од слобода во Прилеп