Изложба „Ветување“ од Маја Ралева Миладиноски ќе биде отворена вечерва во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп
Изложба „Ветување“ во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп....
Во ликовната галери од НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп вечерва со почеток од 19 часот ќе биде отворена изложбата „Ветување“ од уметничката Маја Ралева Миладиноски.
На Ралева изложбата „Ветување“ и е дванаесетта самостојна изложба која што е работена од 2016 година, а со мали надополнување во 2022 година, а тука се создадени 20 слики во мал формат од 10x10cm и има 15 слики на картон. Сите слики од изложбата се поделени во 5 препарирани платна каде што композициски се распределени како една голема слика.
Имено, уметничката Ралева за својата изложба ќе рече дека името „Ветување“ е дадено бидејжи, изложбата е ветена на голем човек, правник, учотел и поддржувач на уметноста, културата и културното наследство во цела Македонија и дека изложбата е приказна од пред деценија ипол која што е исполнета со многу раскажување на случки кои се преточени во слики со мал формат.
„Насловот ВЕТУВАЊЕ го дадов затоа што изложбата е ветена на еден голем човек, правник, учител и подржувач на уметноста, археологијата, културното наследство и културата воопшто во Македонија. Неговото име е Јован Ристов, човек кој цел живот го посвети на заштитата, културносто наследство и голем љубител на уметноста и уметниците генерации наназад.
„Ветување“ е приказна од пред деценија ипол, исполнета со многу раскажани случувања на мал сликарски фотмат, преточена во сликарска- инсталација која се состои од пет големи платна на кој се поставени мал формат на сликарски секвенци кои раскажуваат приказна на сеќавање. Преку разлеаниот спектар на бои и енергија, балансирано и внимателно раскажувам преку својот автентичен ракопис приказна која е секогаш надополнета и никогаш досадна, со порака испратена пронајди си повод да прославиш, сподели љубов, сподели радост, тага, сподели ги своите емоции на платно за да имаш непосреден другар за плачење, радување, викање, во секој случај да има содржина.“-вели уметничката Маја Ралева Миладиноски за својата изложба.
#Култура
Коментари
Постави коментар