Силниот ветер во Битола предизвика материјални штети
Силен ветер предизвика штети во Битола...
Попладнево целата територија на државава беше погодена од ветер, а истиот беше со најсилен интензитет во Битола и истиот достигна брзина и до 70 километри на час и, истиот предизвика материјални штети. Според првичните информации до кој дојдоа медиумите штети има на неколку локации.
Според битолскиот градоначалник Тони Коњановски штети има кај техничкиот факултет во Битола, а тој исто така информираше дека дежурни екипи од локалните претпријатија како и пожарникари од ТППЕ од Битола како што вели Коњановски во мометов се на терен и ги расчистуваат и санираат штетите.
Имено, на социајлните мрежи кружат фотографии и видео материјали од предизвиканите штети, а вознемирени граѓани ги предупредуваат своите соседи и сограѓани да бидат претпазливи и да избегнуваат движење околу зградата на улица „Леринска“. Засега нема информации за повредни лица.
#Македонија
Коментари
Постави коментар