Сообраќајот во западниот дел од Македонија се одвива по влажни коловози

Информациите се преземени од АМСМ...

Од Авто Мото Сојузот на Македонија известуваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено . Во источниот дел коловозите се суви, а додека пак во западниот дел коловозите се влажни.

Информациите за фреквенција на возила надвор од градските седини се дека истиот се одвива непречено, а надвор од градските средини е умерен. Нема подолги задржувања за влез и за излез од државата на граничните премини од македонска страна.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и вниматело управување со возилата особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите каде што има можност од појава на одрони, а ова посебно се однесува за делниците Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Виница-Берово и Кочани-Делчево.

Инаку, од АМСМ известуваат дека патниот правец Ресен-Охрид преку НП Галичица е затворен за сообраќај за сите видови на возила и дека од 15.11.2024 година до 15.3.2025 година поставена е задолжителна обврска за носење на зимска опрема во возилата.

За повеќе информации ѕвонете на беплатниот телефонски број на АМСМ 02/ 15-555


Информациите се преземни од АМСМ


#Сервисни информации

Коментари

Популарни постови са овог блога

Јовчески: Новата прилепска катна гаража се очекува во употреба да се пушти за три недели

Автобускиот градски превоз во Прилеп со изменет возен режим

(Видео) Публиката на втората фестивалска вечер уживаше во настапот на Таско, Огнен Здравковски, Суперхикс и Том Нови