На полноќ поскапуваат сите видови на горива

Од полноќ нов бран поскапувања на горивата...

Од Регулаторната Комисија за Енергетика и Водни Услуги (РКЕВУ) известуваат дека ноќеска на полноќ поскапуваат сите видови на горива.  Цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 од полноќ се зголемува за 1 денар и истата ќе изнесува 77 денари за литар. Цената за ЕУРОСУПЕР БС-98 ПОСКАПУВА за 1 денар и истата од вечерва на полноќ ќе изнесува 80 денари за литар. 

Од полноќ за 2 денари за литар ќе се зголеми и цената за ЕУРОДИЗЕЛ и истата ќе изнесува 72 денари за литар. Поскапува и цената на ектсралесното масло за домаќинство и истата од полноќ ќе изнесува 70,5  денари за литар, а од полноќ  за 1 денар поскапува и цената на мазутот М1-НС и истиот ќе се продава за 44,7 денари за килограм, известуваат од РКЕ.


#Економија

Коментари

Популарни постови са овог блога

Ученици од здравствената струка при СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп мереа шеќер во крвта, крвен притисок и витаминско-минерален статус (фото)

Реновирале стан и целиот отпад го оставиле во парк во Прилеп

Лишени 12 лица од слобода во Прилеп