Шеесет години матура на првите прилепски акушерки

Шеесет години од матура на првите прилепски сестри акушерки...

Во СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп или помеѓу прилепсчани познато и како средно медицинско училиште денеска беше одбележана шеесетгодишнината од матурата на првите прилепски сестри акушерки.

На настано присутни беа Магда Матракоска и Катерина Јакимоска кои сега веќе се сестри акушерки во пензија, а исто така присутен беше директоот на училиштето Жанета Видевска како и ученици и професори од здравствената струка во училиштето.

Имено, Магда Маркоска во својата изјава за медиумите исткна дека младите медицински лица никогаш да не ја скратуваат насмевката на пациентките и на болните, затоа што добрите зборови и насмевка се најубавото нешто за болните.

„Првата генерација сме средно медицинско со акушерски смер. Во тоа време акушерки во Прилеп немаше, имаше со нижо образование и благодарение на директорката Василка Бранковиќ и другите доктори по нивна иницијатива имаше барање во Прилеп да се отвори средно медицинско училиште , затоа што да биде стручно. Родилките прво треба да бидат здравствено згрижени и прифатени, а исто така и стручно да бидат породени. Во прва година бевме запишани четириесет и една ученичка, како што одминуваа годините од прва до четврта година завршивме само осумнаесет, а од нив имаме и доста починати како и со здравстевни проблеми. Ние бевме многу „иситнати’’, тие што беа со вистинско знаење завршија, а другите остаа назад . Ние бевме многу стручно подготвени што вистински сами водевме раѓања, а се распространивме низ цела Југославија бидејќи, тогаш постоеше Југославија. Наши соученички се вработија во Љубљана, во Шведска, во Швајцарија, во Хрватска, некои останаа и во Македонија, а сите каде што се вработија станаа и главни сестри во одделението каде што работеа. Со знаење бевме доста потковани и тоа многу допринесува и самите тие професори кој нас навистина не обучуваа за ние да бидиме акушерки. Ние бевме толку храбри, а некои отидовме и по селата. Додека јас работев на село имав 360 раѓања за три години. Мојата порака е младите никогаш да не ја скратуваат насмевката на пациентките, на болните, затоа што добрите зборови и насмевката се најубавото нештоза болните. Болниот има само една желба, а тоа е да оздрави додека здравиот има повеќе желби.“-изјави Магда Маркоска, сестра акушерка во пензија.

Катерина Јакимоска која што исто така е сестра акушерка во пензија истакна дека на младите им препорачува да си ја сакаат професијата и да бидат многу внимателни со тоа што го работат бидејќи, тука во прашање биле два животи.

„Професијата ја сакав уште пред да се запишам во училиште. Јас се запишав во економското училиште и таму одев два месеци се додека не се отвори медицинското. Медицинското училиште во Прилеп се отвори на крајот на месец октомври во учебата 1961/1962 година. Во 1964 година јас и моите колешки дипломиравме, а дипломиравме само 18 ученички. Од тие 18 ученички докторот Брашнаров кој беше прв доктор гинеколог во Прилеп не одбра бидејќи, нас не спремаа за теренски акушерки. Не само што бевме во болницата акушерки туку кога имаше потреба одевме и во Мариово. Од оваа дистанца тогаш беше пополимитивно, медицината оди секогаш напред, а сега е многу послесно затоа што секогаш има гинеколог со сестрите акушерки за да му помогне, ние  работевме се сами, а исто така дежуравме и под 24 часа. Многу бевме свесни за ризкот кој што се превзема. Јас многу си ја сакав професијата и цело време работев во родилна сала од вработување па се до пензионирање.Јас на младите им препорачувам да си ја сакаат професијата и да бидат многу внимателни со тоа што го работат бидејќи, тука во прашање се два животи.“-изјави Катерина Јакимоска, сестра акушерка во пензија. 

Прво медицинско училиште било отворено во Скопје, потоа во Прилеп, а после отворањето на медицинско училипте во Прилеп исто таква било отворено и во Битола.

Директорот на СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп во својата изјава за медиумите рече дека самиот чин на завршување на средно медицинско училиште пред  60 години било за поздравување и предизвикувало восхит, затоа што во тоа време било многу тешко да се заврши дури и основно училиште, а не пак средно образование особено за девојчиња.

„Моментално имаме околу 770 ученици.Од вкупно 770 ученици во нашето уилиште  545 ученици се од здравстевна струка, а од нив 270 се медицински сестри, а останатите 275 ученици се од физиотерапевстки техничар и фармацевстки техничар. Интересот за запишување во здравстевната струка е навистина голем. Запишуваме ученици со минимум 70 поени, а најголем е интересот за профилот медицинска сестра. Вонредното школување во здравствената струка за жал од месец март 2023 година е ставено во мирување. Имаме многу голем интерес за препис на дипломи од здравстевна струка во просек по околу 10 дипломи годишно, а исто така многу често медицинските сестри кои што веќе се иселиле во странство бараат да им се направи фонд на часови за да можат таму да работат. Денес во нашето училиште се одржа еден необичен настан кој што е несекојдневен. Тоа е прослава на 60 години од матура на првата генерација од средно медициснко училиште во Прилеп, акушерски смер. За жал моментално се присутни само две дами кој својот животен век го поминале како акушерки, но сепак нивниот ентузијазам и нивната силна желба да организираат една ваква ретка средба вроди со плод. Иако, нивниот број е многу мал тие сепак се собраа во училиштево од чиј што клупи потекнале некогаш за да им го пренесат она што го доживеале и она низ што поминале како акушерки во текот на нивниот работен век.Најголем дел од учениците кои завршуваат кај нас се запишуваат на факултет.  Самиот чин на завршување на средно медицинско училиште пред цели 60 години е за поздравување и предизвикува восхит, затоа што во тоа време било многу тешко да се заврши дури и основно училиште, а не пак средно образование особено за девојчиња.Меѓутоа, тие ученички во тогашното медициснко училиште сигурно имале силна желба за учење и голема воља за работа со оваа професија, која што е една од најхуамните и најпосакувани професии.“-изјави Жанета Видевска, директор на СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп.

Настанот продолжи и со мал коктел на кој учениците,вработените и гостите вкусија разни посни и мрсни домашни производи, а се освежија и со по некој безалкохолен пијалок.


#Локално


Коментари

Популарни постови са овог блога

Јовчески: Новата прилепска катна гаража се очекува во употреба да се пушти за три недели

Автобускиот градски превоз во Прилеп со изменет возен режим

(Видео) Публиката на втората фестивалска вечер уживаше во настапот на Таско, Огнен Здравковски, Суперхикс и Том Нови