Забрана за тешки товарни возила на автопатот Маврово-Дебар

Од АМСМ известуваат...

Од АМСМ известуваат дека од 12:20 часот попладнево на автопатот Маврово-Дебар и на магистралниот пат Гостивар-Кичево поради врнежите од снег кој го зафатија западниот дел од државава има забрана за сообраќај на тешки товарни возила.

Имено, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно влажни коловози. Слаб снег провејува во Западните делови, а додека пак во сотанатите делови од државава имаме врнежи од дожд.

Од АМСМ исто така известуваат дека интензитетот на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од Македонија. 

Инаку, од АМСМ излегоа и со известување дека сообраќајоот кон Пониква и кон с.Бели се одрвива непречено, по една коловозна лента. Од страна на граѓаните е најавено дека возила на КЈП Водовод Кочани ќе бидат пропуштани до депонијата. 

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата особено на патиштата, речните долини и клисурите каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува на делниците Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Виница-Берово и Кочани-Делчево.

Да потсетиме дека патниот правец Ресен-Охрид преку НП Галичица од 15.11.2024 година е затворен за секаков вид на сообраќај, а од 15.11.2024 година започната е законската оврска за задолжително носење на зимска опрема во возилата. Законската обврска ќе трае до 15.3.2024 година.

За повеќе информации обратете се на бесплатниот телефонски број од АМСМ (02)15-555.


#Сервини информации


Коментари

Популарни постови са овог блога

Јовчески: Новата прилепска катна гаража се очекува во употреба да се пушти за три недели

Автобускиот градски превоз во Прилеп со изменет возен режим

(Видео) Публиката на втората фестивалска вечер уживаше во настапот на Таско, Огнен Здравковски, Суперхикс и Том Нови