ИН МЕМОРИАМ: Почина уметникот Богдан Грабулоски-Боначо

Почина Богдан Грабулоски-Боначо...

Утрово на 76 годишна возраст почина уметникот Богдан Грабулоски-Боначо.  Грабулоски е роден во Прилеп каде што го завршил основното и средното образование. Ликовна академија завршил во Приштина во 1980 година, а магистрирал на уметничкиот универзитет во Белград . Боначо својот уметнички пат го трасираше како вајар созадавјќи многубројни дела на и во камен, но со проба и во други техники. Грабулоски е и автор на спомн плочата „Карпалак“ што се наоѓа во прилепската касарна „Мирче Ацев’’. 

Имено, Грабулоски беше уметник кој реализираше самостојни како и групни изложби во Прилеп, Охрид, Битола, Скопје, Куманово како и во сите градови од Македонија. Грабулоски беше дел и од групните изложби во Морска Субота (Словенија), Софија, Панчево, Суботица, Истанбул, Санкт Петербург  и беше дел од интернационалното биенеле во Сан Паоло.  Грабулоски е добитник на наградата во Морска Суботица на Нерешки мајстори во 1986 година на СОРОС центарот за годишни изложби, а беше дел и од кусиот филм „Крикот на глувонемиот“. 

Инаку, Грабулоски со години придонесуваше за ликовниот и уметнички живот во Прилеп, а административно во пензија замина од НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп. Грабулоски во неговото 30 годишно уметничко искуство изработи и создаде многу дела, слики и цртежи за кој велел дека уметноста пулсира во неговите клетки.

Почивај во мир Грабулоски!


#Македонија

Коментари

Популарни постови са овог блога

Ученици од здравствената струка при СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп мереа шеќер во крвта, крвен притисок и витаминско-минерален статус (фото)

Реновирале стан и целиот отпад го оставиле во парк во Прилеп

Лишени 12 лица од слобода во Прилеп