Викендов времето врнежливо, од следната седмица со сончеви периоди
Од УХМР известуваат дека...
Од УХМР известуваат дека денеска времето во нашата држава ќе биде облачно со повремени врнежи, кој во западните и јужните делови ќе бидат поројни и обилни со над 50 литри на метар квадратен. На планините и на повисоките места ќе има врнежи од снег, а во некои пониски места врнежите ќе бидат од дожд и снег. Во југоисточните делови врнежите ќе бидат само од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер, а на планините ќе дува засилен северн ветер. Дневниот температурен маскимум ќе се движи во интервалот од најниски -3 до највисоки 6 степени целзиусови.
Според УХМР времето во текот на утрешниот ден ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд и снег, а наместа по западните и јужните делови од државава ќе бидат и пообилни со над 30 литри на метар квадратен. На планините и на повисоките места ќе бидат од снег, а ќе дува умерен до засилен северен ветер. Дневниот температурен максимум во интервалот од најниски -3 до највисоки 7 степени целзиусови.
Прогноза за 2.12.2024 година (понеделник)
Според УХМР времето во понеделник наутро ќе биде облачно со локални врнежи од дожд и снег со слаб интензитет. Преку денот ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Дневниот температурен максимум ќе биде во интервалот од најниски -3 до највисоки 8 степени целзиусови.
Прогноза за 3.12.2024 година (вторник)
Според УХМР времето во вторник во претпладневните часови ќе има појавана магла, а во текот на денот ќе биде сончево и тивко со мала до умерена облачност. Дневниот температурен максимум ќе биде во интервалот од најниски -7 до највисоки 10 степени целзиусови.
Прогноза за 4.12.2024 година (среда)
Според УХМР во среда во претпладневните часови не очекува појава на магла по одделни котлини, а во текот на денот не очекува променливо облачно со сончеви периоди време. Кон крајот на денот и ноќта кон четврток не очекуваат локални врнежи од дожд и снег. Дневниот температурен максимум од најниски -6 до највисоки 10 степени целзиусови.
Временска најава
Според податоците од УХМР во временската најава се вели дека викендов ќе има повремени врнежи кои во западните и јужните делови од државава ќе бидат поројни и обилни со над 60 литри воден талог на метар квадратен. На планините вренжите ќе бидат од снег и се очекуваат да наврнат помеѓу 40 и 50 сантиметри, а на повисоките места исто така ќе има вренжи од снег каде се очекува да наврне помеѓу 10 и 30 сантиметри снег. На пониските места ќе има врнежи од снег каде што ќе се формира помала снежна покривка. Како што велат од УХМР во југоисточните делови врнежите ќе бидат само од дожд, ќе дува умерен, а на планинте засилен ветер претежно од северен правец. До средината на следната работна седмица не очекува стаблно време со појава на магла по одделни котлини.
Метео предупредување
Според УХМР за метео предупредувањето вели дека викендов ќе има повремени вренжи од дожд, кои во западните и јужните делови ќе бидат поројни и обилни со над 60 литри воден талог на метар квадратен. На планините врнежите ќе бидат од снег каде што ќе се формира снежна покривка од 40 до 50 сантиметри, а на повисоките места ќе има вренжи од снег каде ќе се формира снежна покривка од 10 до 30 сантиметри. На пониските места како што велат во метео преупредувањето ќе има врнежи од дожд и снег и ќе се формира помала снежна покривка. Врнежи само од дожд ќе има во југоисточните делови. Ќе дува умерен, а на планините силен ветер претежно од северен правец.
Изор на информации: УХМР
#Сервисни информации
Коментари
Постави коментар